Песни и други митови

Матко Абрамиќ, роден во Чаковец 26.8.1984. Пишува песни, кратки раскази и цртички. Објавувал песни во „Зарез“ и „Вијенац“.

маткоМатко Абрамиќ, роден во Чаковец 26.8.1984, детството го поминува во Вараждин, каде што завршува гимназија (2013). Дипломира кроатистика и бохемистика на Филозофскиот факултет во Загреб (2013). Нема постојано престојувалиште, гравитира околу Загреб, Прага и јадранското крајбрежје. Пишува песни, кратки раскази и цртички. Објавувал песни во „Зарез“ и „Вијенац“. Добитник е на Ректоровата награда за академската 2005/2006 година за збирката поезија „она е само со боја на бура…“, објавена 2007 година во издание на Филозофскиот факултет во Загреб. Втората збирка поезија подготвено чека на ред.

 

Убиство на душата

Го убив детето во себе.
Ги убив свирепо очите мали слатки зажарени,

обесени се јавно…
и осамено…
без игра и најдрагата топка

Ја убив вистината во себе
ја убив свирепо, со безочна лага
пред купот вистина
без ништо

не е тоа за тоа…
да баш е
ја убив фразата во себе
и сега ја поткраднувам
полека и неискрено

Ја убив во себе
Среќата на мигот…

 

Јас не сакам да одам таму…

Обвини ја птицата,
таа може да лета,
ти цврсто стоиш во чевлињата
и играш позната игра
и се плашиш од височините…

 

Танцувај, танцувај

Ми требаше многу да напишам кратко и едноставно. Ми требаше многу кратко да напишам долго и многу. Ми требаше малку да заборавам, а ми требаше многу да престанам да лажам. Толку лесно, толку секое малку, толку твое и мое. Сѐ е твое и мое. Баш сѐ. Сѐ што сакаме да земеме и сѐ што можеме да земеме. Не можам да земам. Не можеш ни ти. Сигурна си. Не си воопшто сигурна. Не треба да ме прашуваш зошто. Тргни на пат. Тргни. Биди наш номад. Биди со индијанска крв.

Врати се и повикувај дожд.

Капка по капка. Отвори очи.

Запамти ја сликата.

Разбуди го детето.

 

Три мачни убавини

Првата Втората и

Третата (таму негде во аголот)

 

Љубов

Знам каде живее.
Знае каде живеам.
Не знаеме.

 

Ќе пробам барем уште еднаш

Ја гризнав
Калиопа
За газот
и
би сакал
пак.

Мигрените на една сирена

Вие луѓе умревте во зачетокот на вистината.
Пеколот (заедно со сето тоа)
го прогласивте за сегашно време.
Во својата битност ќе побегне секој
добар
збор
хармонијата не е нашето време,
а ни вашето.
Треба да се свртиш,
да мислиш,
а не да посакуваш

можеби еднаш ќе си ги откриеме мислите. Макар и да бидат како некои тој или таа…

Таму подготвивме топлина
Еј, еј
не е сѐ во времето
можеби си само во крива…
некоја…

 

Покриен сум од сосема едноставни мисли

од талентот роден
бескорисен и со неокрвавени раце
зошто не ми давате да мислам…
и да посматрам
да сонувам
да не сум чуден
кога гледам и мислам
и тоа е сѐ…
не сакам ништо
само посматрам
како красно ја кроиш среќата
мене не ме интересира
мене ме интересира
ти за него
тој за тебе
и стрес кога
не си возбуден
немир
вечен немир
без смиреност и празнина
празнина
во црната дупка
исполнети со мисли
немирно немирно
море
тоа е правото јас
тоа си ти
не е тоа јас
тоа си ти
без среќа и знаење…

Превод од хрватски: Ѓоко Здравески

Тагови од објавата
,
Напишано од
More from РЕПЕР
Театарски роман
Некој тропаше на вратата. Заповеднички и повторно.Го ставив револверот во џебот од...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *