Антонио Митриќески: Во Македонија треба да се врати истражувачкиот филм

IMG_1605

„Место филмот, просторот треба да зборува, преку конфликти и преку човечки портрети. Во филмот треба да има информација што ќе го рефлектира општеството затоа мора да се истражува“, рече македонскиот режисер Антонио Митриќески на прес-конференција на фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки во Битола пред македонската премиера.

Митриќески, како што вели, чувствувал потреба да направи филм со повеќе енергија за една фамилија во Македонија што ќе ги рефлектира сите проблеми што ги има во одреден период.

Филмот се снимаше на Преспанското езеро и според режисерот снимањето било тешко бидејќи одредени сцени биле снимени под вода.

Во „Деца на сонцето“ преовладуваат млади ликови кои според Митриќески му дават енергија на филмот.

„Ние младите ретко имаме шанса да бидеме дел од филм. Имаме одлични професори, но не знаеме да го прикажеме она што сме го научиле. Сметам дека не погрешив што се пријавив за кастингот“, изјави Ивана Павлаковиќ, една од младите актери.

Пораката на филмот е да даваме несебично како што сонцето дава и не бара ништо за возврат – рече Митриќески.

Во филмот се појавува музичарот Влатко Стефановски, тој го отвора и го затвора филмот со песната „Деца на сонцето“.

Филмот се претставува на четири фестивали, а од ноември ќе има и проекции низ Македонија.

 

Eмилија Петреска

Тагови од објавата
,
Напишано од
More from РЕПЕР
Враќањето во Панџруд
Сите постојано ги кажуваат моите стихови за виното, сите ги пеат, на...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *