Проект рак: Приказната позади филмот

„Филмот започна кога се јави и кажа дека има рак“ - Дамјан Козеле, режисерот на „Проект рак“

IMG_1704

„Проект рак“ е документарен филм кој го следи Улај во неговата борба со ракот. Филмот, во случајов, станува дневник во кој се раскажани настаните од ноември до ноември.

Единствен услов кој протагонистот, Улај го побарал е филмот да биде краток бидејќи не знае до кога би издржал.

Тргнат без сценарио, режисерот Дамјан Козоле вели дека филмот му дал сила на Улај и успеале да го снимат целосно, па до денес, Улај пие и пуши, а сепак е во стабилна состојба.

Првите сцени се снимени во љубљанскиот Институт за онкологија, каде што Улај обично оди на хемотерапија. Но, Улај не дозволува една просторија да го дели од светот што му се нуди, па решава да ги посети пријателите од Љубљана до Њујорк и Амстедам.

„Проект рак“ се прикажа на 35-то издание на фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“ во програмата за документарни филмови.

 

Емилија Петреска

Тагови од објавата
,
Напишано од
More from РЕПЕР
Авторски поговор кон Месечината и огновите
Сите романи на Павезе кружат околу притаена тема, околу нешто некажано, кое...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *