Времето никогаш не умира, ниту кругот е тркалезен


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/echqdumm/public_html/reper.net.mk/wp-content/themes/simplemag/formats/format-standard.php on line 28

IMG_1754

Личноста што го открила Милчо Манчевски е продуцентот Сајмон Пери.Веројатно него треба да му кажеме „фала“ што успеа да го открие талентот кој придонесе македонската филмска индустрија да се подигне на некакво ниво.

Е сега, како да му го објаснеш Манчевски некому кој го сака можеби повеќе од тебе, ги научил репликите во филмовите со илјадници прегледувања од ново и одново и умира да дознае дали снима нешто ново?!

Во една порака на фејсбук сакав да пренесам на кратко што Манчевски кажал за време на отворениот разговор со публиката што беше дел од фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Тоа на кратко, ми излезе долго и широко. Па еве вака:

Искритикува тоа што Македонија за „Прашина“ учествувала само со 7 проценти од буџетот (што кога ќе видиш тоа беше доста скап проект). Кажуваше како му било интересно кога за првпат бил на фестивал – на Венецијанскиот и си замина со награда.

За инспирацијата… рече дека сценариото му е многу важно, дека потребно е нешто што ќе допре до него, нешто со што ќе може да се поврзе. Рече дека сака да пишува и дека би бил среќен ако до крајот на животот само тоа го прави. Кажа и нешто интересно кај што цитираше некој дека : Кога снима не тргнува со порака бидејки – ако сакаш да пратиш порака, прати телеграма.

На прашање дали ако има повеќе пари тоа би го променил начинот на кој режира и приказните што ги раскажува – Тој рече – Не, тоа само ќе направи да се чувствувам поудобно и помалку под притисок. Рече дека сега снима нов филм каде продуцентите бараат да е сниман со што помалку пари.

Како мал не му била идејата да снима, сакал да пишува, потоа во средно една учителка го прашала – Манчевски на што ќе се запишеш и тој и рекол – сакам да студирам новинарство (на што јас се израдував ) Но, таа му рекла, Манчевски спремен си да се соочиш со рестрикциите од државата? Тој одговорил: Можеби не целосно.

Тогаш учителката рекла – А зошто не одиш за режисер, одлично ги режираш школските претстави?

Потоа зборуваше за кинематографите, дека за „Пред дождот“ првиот кинематограф си отишол по неколку дена снимање бидејки не можел да издржи да снима на планина.

Лабина Митевска (Замира во филмот „Пред дождот“) вели дека на моменти му била лута на Манчевски бидејки многу бил напорен, постојано ги терал за некоја сцена упорно и упорно да снимаат, но на крај тоа се исплатило.

Конечно откри зошто во своите филмови секогаш се застапени доматите.

Некој професор му рекол дека мора да има нешто во филмот што ќе го дефинира, што ќе го одбележи, па го избрал доматот заради бојата и кружната форма – Circle is not round памтиш?

 

 

Емилија Петреска

Тагови од објавата
,
1
Напишано од
More from РЕПЕР
Готика и постмодерна готика
   „Но, готската уметност е возвишена … таа предизвикува целото битие да...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *