За уметноста што молчeливо зборува

Во делото оставено е толку многу или толку малку време и простор за имагинација.

за-уметноста

Верувам дека голем дел од нас ги виделе оние дела со еднобојни или двобојни монотони слики, уметнички дела, дали било преку интернет, дали во музеј, дали на телевизија итн. Сме го забележале и отсуството на елементи, субјекти и детали кои би го привлекле, односно мамеле окото на гледачот/набљудувачот и се прашуваме зошто нешто недостасува. Несомнено, тоа укажува на една суштинска карактеристика. Имено, тоа е намески направено. Авторот како да сака да каже, еве ви повелете, почитуван публикуме, црвена/жолта/бела површина, не сосема рамномерно и совршено обоена, но делово такво и треба да биде, несовршено. Како недополнето.

Зарем гледачот на ова дело би стоел со часови пред него и би го набљудувал исто како и  делата накитени  со многу детали и комплексни решенија? Обичниот гледач, не верувам. “Необичниот”, можеби… Се сомневам, дека некој би потрошил дури и половина час. Ќе го погледне, ќе види што ќе види и продолжува понатаму. Она што во суштина ова дело го прави многу позначајно од останатите накитени и украсени е токму тоа, отсуството. Отсуството на она што ти го задржува вниманието. На гледачот му останува време. На авторот, сликарот му останува време. Времето останато, гледачот или авторот би го потрошил во продуктивна размисла, контемплација за значењето и суштината на овој свет, во некоја нова иновација или развој, но пред се’ време за сите оние активности кои ги бараат од нас различните улоги стекнати во животот. Улогата на студент, работник, родител… обичен човек.

Во ова време-невреме (односно, како за кого – за некои нема зима), компензираме со една работа, со друга, со трета, се со цел да ја оствариме максималната корисност од она што ни се пружа, како за себе самите, така и за целото наше опкружување. Се трудиме да играме за сите пари, во играта наречена живот.

Во делото оставено е толку многу или толку малку време и простор за имагинација.

Идејата е – Па да, делото е готово, завршено, дури и да изгледа дека не е. Тоа е такво бидејќи морам да одам, друга многу поважна работа ме чека. Да не ви објаснувам колку други работи имам да завршам за да заработам за сметки. Пфууу! Не смеам да си дозволам да Ве заморувам со детали и самите знаете, повеќе од искуство отколку од прераскажување.

Оттаму, отсуството е присуство.

Помалку време за гледење, повеќе за делување.

Пораката е – Не туку безделнички ми шетај по музеи, туку одбери си алатка и фати се за работа. Најпрво промисли, размисли како можеш делово, односно животот, (а има ли поголемо уметничко дело од животот?); да го комплетираш, да учествуваш во него, да му дадеш гласност, артикулираност и остварување.

Денеска, се’ што ми нуди животот еве го на платното.

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Без поезија не се живее – Николина Андова
Интервју со Николина Андова, добитник на наградата „Мостови“ на овогодинешните „Струшки вечери...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *