Фотографијата е нешто повеќе од меморија

Кон Жанета Станоевска - луѓе, птици и сеништа (Темплум; 2011)

07-Зханета-1

Уште во насловите на расказите на Жанета Станоевска, се забележува некаква дијаметрална, па и дијаболична, фотографска противставеност и поставеност на нештата: Рипчиња од злато, Ѓавол во прав, Синото костумче, Стаклената птица

Во Сладолед ја имаме сликата/фотографија на раскашавениот сладолед, фрлен на земјата, а во Ата, на крај буквално доаѓаме до слика на бабата, како пее со метлата в раце, а над нејзината мангупски насмеана уста дречат црвените мустаќи.

”Фотографијата не е само облик на меморирање, туку и облик на толкување, различен од книжевниот и од филмскиот. Таа може да ја помогне херменевтиката на книжевните текстови. Таа има свој код кој дава дополнителен импулс за да се препознае и да се сфати кодот на еден книжевен текст или на едно собитие во стварноста… Фотографијата е нешто повеќе од меморија. Фотографијата е парадигма на создавањето на светот.”, вели Катица Ќулавкова во делот Херменевтика на фотографијата од Херменевтика на идентитети.

Фотографската претстава во Мирисот на липите ни доловува фотографија од мирисот на липи. Кога последен пат сте слушнале синтагма од типот ”убав старец”?! Кога последен пат сте виделе убав старец?! Станоевска минуциозно го води дијалогот меѓу Александар и младиот полицаец. Во расказот се случува нежен twist, при што дознаваме за што станува збор, а собата мирисаше, болно мирисаше на липите.

07-Зханета

Понатаму, продолжуваат да се редат сликите или фотографии на Горан – исплашен од таткото, пријателите како се надмудруваат, врапците како разговараат на брезата, слики на смрт – тешко прифатлива или прифатена со навидум леснотија, синото костумче на Златко… Стаклената птица на Северџан, жената на ноќта – која јулската катастрофа со земјотресот треба да ја изгони на светлината на денот (за да заплива во реката од луѓе), слатката Камелија на младоста, Радмила – која доаѓа на гости само да ја впие во себе атмосферата на секојдневицата на едно семејство многу поинакво од нејзиното… Последниот сон на Бранка, разговорот меѓу двајцата другари, Матеј како поминува покрај малата сендвичарница, Невена – како седи на клупата со момчето, Марија – како стои до оградата пред куќата на Бранко…

Во расказите на Жанета Станоевска, од збирката Луѓе, птици и сеништа, владее една самоувереност во изградбата на сцените и ситуациите во кои ликовите се поставени и се наоѓаат. Може да се најдете смрзнати од страв, од исходот на приказната, или да ве облее неверојатно чувство на смиреност и мирнотија, на крајот на некои од расказите…

 Бобан Ристевски

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Книга за сите од 9 до 99 години
„Зебер, види каде ни се шетка фирерот“.
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *