Книгата е незаменлива

Одлични вести за оние кои повеќе го сакаат традиционалниот начин на читање

BestBooks2013_Reading1

Оние што редовно читаат недвосмислено имаат бројни предности во однос на оние што читаат ретко или што воопшто не читаат. Меѓу другото, со читањето се зголемува интелигенцијата, се подобрува речникот и концентрацијата, се засилува самодовербата, се поттикнува креативноста, се одржува паметењето и се намалува стресот.

Во современата ера на технологијата, читањето е олеснето со достапноста на литературата преку разни електронски уреди. Еден таков уред, познат како Киндл (Kindle), стана достапен за читателите во 2007 година. Како најзначајна предност на уредот се наведува засената E Ink Pearl која во однос на класичниот ЛЦД (LCD) или ЦРТ (CRT) монитор нема позадинско осветлување што ги заморува очите, поради што е невозможно ноќе да се чита на овој уред. Кинлд ги поддржува повеќето светски писма, а можно е да се внесуваат и забелешки, благодарение на вградената тастатура. За читање од овој уред доволно е да се преземе соодветниот документ од некоја интернет страница што, покрај едноставноста, претставува и економско олеснување за многумина.

Но без оглед на сите предности на ваквите уреди, постојат луѓе кои заговараат и претпочитаат читање книги на класичен начин. Судејќи по научните истражувања, се чини дека тие се во право.

Во јули годинава група истражувачи од норвешкиот Центар за читање при универзитетот Ставангер, на чело со Ане Манген, пред јавноста ги претстави резултатите од своето истражување, спроведено на 50 читатели. Испитаниците за задача имале да го прочитаат расказот на писателката Елизабет Џорџ. Расказот, кој е долг 28 страници, половина од испитаниците го читале на Киндл, а другата половина на обична книга. Потоа тие биле подложени на тест кој вклучувал проверка на разбирањето и памтењето на прочитаното. Резултатите биле исти, освен тогаш кога станувало збор за хронологијата на настаните. Имено, испитаниците кои го читале расказот преку Киндл, покажале значително полоши резултати кога требале да наредат 14 настани од расказот во соодветен временски редослед.

Knigata-e„Кога читате книга, под прстите можете да почувствувате како страниците се трупаат на левата страна, а сè помалку ви остануваат на десната. Покрај визуелното, имате и допирно чувство на напредок. Можно е разликата во резултатите кај испитаниците да е поврзана со фактот дека цврстината на хартијата и постепеното прелистување на страниците дава еден вид сетилно растоварување, покрај визуелниот впечаток за напредок при читањето“, ги објаснува Манген своите претпоставки за причините за ваквите резултати.

Во 2006 г. научниците открија дека луѓето го читаат текстот на екраните во т.н. F образец, односно дека го читаат само целиот горен дел од текстот, а потоа само површно преминуваат преку левата страна од остатокот на текстот. Ова многу се разликува од т.н. линеарно читање, односно од начинот на читање на целиот текст. Линеарното читање помага и во замислувањето (визуализацијата) на одредени информации од текстот, со што подоцна ни е полесно да се потсетиме на нив. Но доколку не се практикува редовно, вештината на линеарното читање може да биде изгубена. Имено, докажано е дека лицата кои подолго време не читале линеарно имаат проблеми со сосредоточувањето при повторното читање и дека им е потешко да се „нурнат“ во книгата, односно да се внесат во приказната.

Читањето книга во печатен облик го подобрува квалитетот на сонот. Иако времето поминато пред екранот може да биде заморно, светлото на мониторот ја зголемува будноста, на тој начин одлагајќи го вообичаеното време за спиење. За разлика до тоа, со читањето книга пред спиење мозокот влегува во нова зона, различна од онаа во која се наоѓа за време на читањето од екран.

 

Извор: http://akos.ba/obrazovanje-odgoj/o-obrazovanju-i-odgoju/knjiga-je-nezamjenjiva-odlicne-vijesti-za-one-koji-vise-vole-tradicionalni-nacin-citanja

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Македонија за мене има една необична топлина
Македонија ја запознав преку мојот дечко, кој е Македонец, така што неговите...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *