Беседа за изложбата „Гоја“, фотографии од Непал на Марија Грујовска

Кога веќе имате ваква стартна позиција, па уште и ако раскажувате од некоја далечна земја, тогаш е лесно да раскажете приказна. Уживајте во фотоприказните што ни ги раскажува Марија Грујовска.

Интересно е што на еден делумен далтонист со тапија му е дадена честа да отвори изложба на фотографии во боја.
Со Марија физички се знаеме кратко, нешто повеќе од една година, ама, во суштина, од некои други постоења се знаеме многу, многу подолго.
Кога сме се запознале со Марија, во Менада, на првите Астални проекции, јас воопшто не го забележав нејзиното присуство. Со други зборови, врска немав дека сме се запознале. И подоцна таа ми рече: таква сум јас, луѓето често не ме забележуваат физички.
Ми се чини дека во таа незабележливост на оној што посматра се крие магијата од фотографиите на Марија. Кога посматрате, имате една бинарна опозиција, две можности. Ако посматрате со страв, тогаш демнете. Ако посматрате со љубов, тогаш набљудувате. Марија набљудува будно. Токму тоа нејзино припотомено его, природно дадено, она што ја прави невидлива, ѝ дава будност. Зашто ако сте создавач што сака стварноста непречено да поминува низ него, а таков создавач е Марија, тогаш мора да бидете објективни и будни. Да не фрлате камења по стварноста. Невидливи за светот. Без влијание кон него. Само во миговите кога сме будни, го фаќаме зенот. Што побудни, тоа повеќе зен. Миг. Многу релевантна категорија за фотографите.
Кога веќе имате ваква стартна позиција, па уште и ако раскажувате од некоја далечна земја, тогаш е лесно да раскажете приказна. Уживајте во фотоприказните што ни ги раскажува Марија Грујовска.

Тагови од објавата
Напишано од
More from Ѓоко Здравески
Писмо до авторот
(За „Собирачи на пепел“ од Давор Стојановски)
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *