Кујунџилаџи
Александар Кујунџиски
Карика по карика – кариера!
За Осми март на жената ѝ донесе кармин – на јаката од кошулата.
И кога би онемел, тој не би минал на дела.
Каков баксуз е тој! Тамам научи да плива – се удави!
Како да одгледуваме собни цвеќиња, кога живееме во визба!?
Карика по карика – кариера!
Најпрвин на книгата ќе ѝ ставиме астрономска цена, а потоа се прашуваме како да ја приближиме до читателите!
Невработен е. Има најмногу колеги.
Ни до лесна жена не се доаѓа лесно; и за неа треба да ти тежи џебот!
О, колку е жално, о, колку е мачно: веќе немаме толку орачи, колку што имаме пејачи!
Отиде да му извадат заб. Душата му ја извадија!
Повторувам: нема репете!
Познавам толку развиен физички работник, кој би можел да крене дури триста директорски плати!
Пороците обично почнуваат во друштво, а завршуваат во самици.
Сигурно дека ќе му врие в глава, кога му гори под нозете!
Сите зборови се всушност – крстозбор!
Со еден удар – доби две модрици.
Тешко нам ако поубавиот пол би бил и појак пол!
Тој врти-сучи, а нас нè фаќа вртоглавица!
Толку е бездушен што и во срцето има гасна комора!
Хармоничен брак: тој свири на гајда, а таа на клавир!
Шапката не го прави човекот повисок.
Што ако сум сиромав? Имам богато животно искуство!
Што, гладен ли си?! Дојди ваму, да јадеш ќотек!