Вчерашен спомен

Бескрајно мирно ја чекам и се надевам, дека утрото ќе го избрише споменот вчерашен.

Насамо

Распнати,
Пред трепетот на ветрот.
Низ темните
облаци на градот,
чекориме.

Ги чуваме воздишките
себично во нас.
Насамо воздивнуваме,
зашто воздишката е средба со Бог,
тишината пак, здивот божји.

Ветрот ги брише спомените.
Сонцето е доказ
дека надежта постои.

Вчерашен спомен

Ѕвездена прав.
Слобода.
Сенките го играат танцот на ноќта.
Треперам.
Чезнеам за мир во срцето.
Се насмевнувам.
И се молам на ноќта да ме прегрне.
Бескрајно мирно ја чекам и се надевам,
Дека утрото ќе го избрише
Споменот вчерашен.

night-1311866_960_720

Постоење

Јас постојам,
ти постоиш,
тој постои,
Ние постоиме.
Тие постојат.
Бог постои….
Сѐ дури знам дека постои
Нешто што се вика љубов.

Избор
Врескаат,
спомените во ноќта.
Живеам,
и гледам како животот
Вешто ме одминува…

Живеам,
Се радувам на секоја билка и суштество.
Се радувам на секоја можност
за слобода.
Изборот е секогаш наш.
Цивилизација
или слобода.
Љубов
или бесцелност.
Мудрост
или безумие.
Секогаш си ТИ оној што одлучува.

Тагови од објавата
Напишано од
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *