Импровизирај.
Вклучи ја темната комора за развивање на негативот. И почнуваат да се оцртуваат контурите, ликовите, насмевките. Јас си сакам класика. Црно-бели. Било фотографии, било филмови или комплети. Го истакнуваат духот, додека оние во боја го одземаат вниманието од суштината.
Отпакувај.
Развади сè што имаш скриено по куфери, чанти и внатрешни џебови. Раздај сè што држив во нив и остави тишината да пополни.
Туку да се вратам малку наназад. Читам сè што ќе ми дојде при рака. Од колумни, списанија, книги (но никако да стигнам да исчитам некоја од 300-те книги во киндл-от). Секогаш има нешто поважно за читање или правење. И барам, барам… Знам дека сè си знаеме, само не знаеме како. Како да најдеме решение. Како да бидеме посреќни луѓе. Како да ѝ најдеме лек на снобовштината околу нас. Како да испливаме.
Не тонете пред нив. Чекор по чекор ќе стигнеме каде што сакаме да бидеме. Она вашето ќе важи и тоа како. Колку тивко и да е изговорено. Можеби нема да биде непречено, глатко, но така и не е толку слатко. Не им се давајте.
You’re a different type of clay.
Чекор по чекор ќе стигнеме каде што сакаме да бидеме.
Тагови од објавата
број 68-69
1
Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Email
More from Адријана Ананиева