Поетска се(ле)кција (2)

Во овој број претставуваме едно пристигнато дело од наша поет(ес)а.

„Јадот“

 

Што ќе ми кажеш ти, создателу?

И кој ќе те создаде, создателу?

Јас?

А, можеби и ти?

Соочи се со себството.

Искорени го неубавото.

Стани најгрижниот свој бранител.

Држи се цврсто за корените!

Воздигни се во височините!

Дур се искачуваш,

дур топлина неиздржлива едвај издржуваш,

дур воздух непрочистен сѐ повеќе вдишуваш,

дур побрзо до врвот поблизок стануваш,

сврти се!

Од убавината наслади се!

Сега сѐ е толку бескрајно.

Сега сѐ е толку возвишено.

Сега сѐ е толку чудесно.

Речиси, неизбежно.

А, сосем – неважно!

Сосем неважно покрај јадот.

Сета беда и сета темнина во градот.

Чиниш топлина топол го сотворува.

А, недостиг на топлината само жар студеникава

за бакнеж во дивината.

И сиот свет го имаме.

Но, себеси се немаме.

Во мракот се загубивме.

Во ноќта не заблескавме.

Сѐ е дозволено!

И ништо не е вистинито!

Сѐ станува во правта бескрајно,

сѐ додека ради правта се чувствуваш очајно.

Копнееш и молчиш истовремено.

Копнееш по времето заедничко.

Молчиш оти така бидува послатко.

Си велиш да издржиш и истраеш.

Издржуваш оти така созрева плодот.

Истрајуваш оти така видлив станува блесокот.

Заведени од блесокот – танцуваме!

Со танцот меѓусебно се спознаваме.

Заведени од лагата, повеќе не живееме.

Заведени од животот, повеќе не лажеме!

Заведена од тебе, јадот е само привид.

Сѐ уште заведени,

по патеките небесни.

Се движиме сѐ побавно

за животов да го осетиме сѐ посилно.

По патеките небесни.

 

Наталија Ристовска

casal-1683804_1280

Тагови од објавата
,
More from Кутија на спомени
Поетска се(ле)кција
Во овој број ви ги претставуваме поетските дела инспирирани од спомени што...
Повеќе
0 replies on “Поетска се(ле)кција (2)”