And the Oscar goes to…

Книжевни моменти на годината

Книжевни настани на годината:
1. Гостување на аргентинскиот писател Гилјермо Мартинес – најпреведуваниот аргентински писател на XXI век и еден од најбараните аргентински писатели во моментов, познат како автор на Оксфордски убиства, роман што беше вистинска сензација во Аргентина, Шпанија, Велика Британија, САД, и според кој беше снимен истоимениот филмски хит со Џон Харт и со Илајџа Вуд во главните улоги, гостуваше на Саемот на книгата во Скопје на штандот на „Антолог“, издавачка куќа што има објавено 4 негови романи. Повод за оваа посета беше токму огромниот интерес за делата на Мартинес во Македонија, но и новообјавениот мистичен трилер Бавната смрт на Лусијана Б. Генијален трилер од познатиот аргентински автор. Задолжителна лектира за секој што сака мистерии. Љубителите на Алфред Хичкок и на Карлос Руиз Зафон ќе бидат воодушевени од овој психолошки напнат трилер. Промоцијата на книгата и средбата со авторот беа посетени од многубројна публика.
2. Фестивал на европската литература „Книжевни ѕвезди / BookStar“ 2016 – Второто издание на Фестивалот на европската литература се одржа од 24 октомври до 11 ноември 2016 година. Под слоганот „Симни ми ѕвезда“, фестивалот оваа година беше во знакот на жените. Во 19 дена секојдневно на понудата на фестивалот имаше некаков книжевен и друг вид културен настан, вкупно 25 на број! Скопје и скопјани имаа можност да присуствуваат на осум книжевни промоции, четири директни средби со писатели, седум концерти, две филмски проекции, една трибина, креативна работилница, читање приказни и саем на европската литература. Фестивалот „BookStar“ е еден од ретките книжевни настани во градот Скопје што нуди толку богата програма за сите генерации и вкусови.

Oskar (2)

Книги што ја одбележаа 2016 година:
1. Имприматур – Моналди и Сорти
Најконтроверзната книга од Италија, интернационален бестселер, од критиката прогласен за „фантастичен спој меѓу Ден Браун и Умберто Еко“, кој даде нова слика за италијанската и пошироко – за европската историја. Со темелно истражување и со брилијантна замисла, историскиот трилер „Имприматур“ содржи воодушевувачки откритија криени со векови, кои буквално го приклештуваат читателот. Ова е трилер што фрла нова светлина на судирот на силите во Европа од XVII век, чии последици се чувствуваат до денес. Авторите Моналди и Сорти во ноември гостуваа во Скопје и ја претставија својата книга пред многубројната публика во „Менада“.
2. Невидливи љубови – Владимир Јанковски
Роман кој ја доби наградата „Рациново признание“ за 2016 година, а истиот влезе во најтесниот избор за роман на годината на „Утрински весник“ и стана македонски кандидат за наградата „Балканика“. Две нетипични бајки за возрасни премостени со динамично раскажана реалистична приказна, во кои како во музичка композиција идеите варираат, се надополнуваат, си противречат или течат паралелно една покрај друга.
3. Војната нема женско лице – Светлана Алексиевич
Книга од добитничката на Нобеловата награда за литература за 2015 година. Ова значајно дело за светската книжевност е прво од оваа авторка преведено на македонски. Книгата Војната нема женско лице е почеток на циклусот книги насловен Гласови на утопијата, книги во кои животот во Советскиот Сојуз е прикажан низ перспективата на индивидуалецот.

4. Убиство во хотел Босфор – Есмахан Ајкол
Првиот од серијата крими-трилери со ликот на Кати Хиршел, потпишани од турско-германската писателка Есмахан Ајкол, на која на фестивалот „BookStar“ ѝ беше доделена награда за најчитана книга помеѓу две фестивалски изданија. Романот е најпродаваниот наслов во Книжевниот центар „Антолог“ за 2016 година.
5. Трач – Елин Хилдербранд
Емотивната сага „Трач“ е прекрасна книга од „кралицата на летните романи“ – Елин Хилдербранд, бестселер-авторка на „Њујорк тајмс“, која првпат е преведена на македонски во издание на „Антолог“. Одлична романтична книга за читање на плажа.

Oskar (3)

Предлог-книги за 2017 година:
1. Смила го чувствува снегот – Петер Хег
Идеална книга за зимскиот период, прогласенa за книга на годината според списанијата „Тајм“ и „Пипл“. Снежен трилер што води од улиците на Копенхаген до замрзнатиот Гренланд. Петер Хег стана светски познато име токму како автор на овој бестселер од 1992 година, според кој е снимен и филм во 1997 година. Изданието на англиски јазик е испечатено во тираж од 4 милиони примероци, што претставува вистинска сензација за дотогаш непознатиот дански писател.
2. Лавиринтот: Невозможно бегство – Џејмс Дашнер
Број 1 бестселер на „Њујорк тајмс“ и прва книга од серијалот на Дашнер, сметана за современа класика, според која е снимен и истоимениот филм од 2014 година. Обожавателите ја опишуваат како комбинација од Господарот на мувите, Игри на гладот и Изгубени. Во издание на „Антолог“ наскоро ќе излезат и другите делови од оваа веќе легендарна футуристичка антиутопија што го освои светот, конечно и на македонски јазик.
3. На работ од времето – Моника Трајковска
Возбудливиот прв дел од научнофантастичната трилогија Наследството на Вероника ве воведува во Новиот Почеток, совршениот свет од иднината, во кој не постојат неизлечиви болести, сиромаштија, криминал, војна… или барем навидум е така. На работ од времето е одличен дебитантски роман од македонска писателка од новата генерација.
4. Кој се плаши од волкот? – Карин Фосум
Роман од една од најпознатите авторки на крими-трилери, нарекувана уште и „норвешка кралица на детективскиот роман“, со ликот на инспекторот Конрад Сејер. Еден од најпродаваните скандинавски трилери. Возбудлива приказна со изненадувачки крај.
5. Книга за Бланш и Мари – Пер Улоф Енквист
Кратко време пред Марија Кири да стане првата жена добитничка на две Нобелови награди, во 1911 година, една од асистентките во лабораторијата, Бланш Витман, преживеала три ампутации, ги изгубила левата рака и двете нозе поради радиоактивните материјали на кои била изложена. Пер Улоф Енквист, еден од најистакнатите шведски писатели на меѓународно рамниште, чие име го носи една од најзначајните скандинавски книжевни награди, разоткрива низа контроверзии за животот на познатата хемичарка.

Oskar (1)

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Од „Бележниците“
Книжевни (и политички) анегдоти од животот во Русија, хумор кој сигурно ќе...
Повеќе
0 replies on “And the Oscar goes to…”