Кога ќе ме запознаеш ќе зборуваме за тоа што не го знаеш.
Сè дотогаш можеш само да го замислуваш тоа што сакаш да го знаеш.
Ако пак решиш да не ме запознаеш, нема никогаш да го знаеш она што и онака не го знаеш.
А за да го дознаеш, ако сакаш да го дознаеш она што не го знаеш, ќе треба да ме запознаеш.
Сакајќи да ме дозапознаеш, веројатно ќе го дознаеш и она што не си сакал да го знаеш.
Но уште повеќе ќе го засакаш тоа што си сакал да го знаеш.
А велат нема ништо подобро од тоа што не го знаеш, да остане непознато.
На нас останува дали сакаме непознатото да ни стане познато.
Така останува да дознаеме, за сè што не сме знаеле.
Од незнајното до знајното.
И од знајното до заборавното.
На нас останува дали сакаме непознатото да ни стане познато.
Тагови од објавата
број 77