Здрач
Летниот здрач
ме обви за половината
Овие пурпурни неба се
имуни на било какво
одбивање
Липи, ванила и бергамот –
лепливо слатко од капини
на прсти –
врела роса на вратот
***
Време е
да го прекинеме
овој разговор,
се плашам
од тоа што може
да го донесе
Понудив
Понудив
трескавични истрели
да го смират
трепетот
на денот
На југ блесна
и последното
Сонце
Ја наметнав
качулката и
се поклонив пред
нашиот Бог,
надевајќи се дека
омарнината ќе спадне
Tоа беа туѓи
воздишки,
тоа беа туѓи
насмевки,
тоа беше туѓа
убавина –
во миг
се засрами
пред тебе
Понудив
пакет истрели
да сигнализираат
кога
ќе се вратиш.
Море
Морето е слаткоречиво и силно,
и сите сме засегнати од
неговата убавина
На брегот стои една жена
во црвено и размислува
за смислата на животот
Над неа, небото си игра играчки
со гулабите: кој е поубав,
кој е посив?
Сета носталгија што ја носиме
се собрала, се чини, во ќошевите
од сите куќи на сите плажи,
наредени како слики во музеј
После првиот бакнеж
и воздухот е посвеж
и виното е поблаго
Не можам, а да не го
спомнам НЕГО.