Веќе отпрнав на сѐ:
Загубени сни длабоко
во Новиот Свет,
непотребни разговори
и малограѓанство,
десет чашки вино.
Само никогаш не
на громогласниот звук
кој не се мери во децибели,
директно од грлото на Волкот,
одбивајќи се од плафонот
и нишани право во градите.
* * *
тивко и немоќно
ја губиме битката
(не)удобно сместени
некаде длабоко
во утробата на ноќта.
крилјата ни ги сечат
неуки робови
дур’ ја веднеат главата
надолу бесрамно
чекајќи некој да им пресуди.
толку многу неба,
а не би припаѓале
на ниедно од нив,
БРЕМЕ
Скриено на темната страна на кафезот
пробува да излезе пустошејќи сѐ пред себе.
Навечер, ни шанковите не го издржуваат.
Напладне, сите брзаат некаде
и страшно добро глумат дека не го препознаваат.
Наутро, те буди тапкајќи те по рамото и прашува: „што да уништиме следно?“