Храбростa да бидеш свој: Е. Е. Камингс за уметностa, животот и стравот од чувствата.

„Да се биде никој друг туку себеси, во свет во кој што се случува сé, секој ден и ноќ, значи да се борите во најтешката битка во која може да се бори секое човечко суштество.“

„Никој не може да го изгради мостот по кој ти, и само ти, мораш да ја поминеш реката на животот“, напишал триесетгодишниот Ниче. „Вистинската и издржлива патека во и преку искуство“, поетот нобеловец Шејмас Хини ги советуваше младите, и повеќе од половина век подоцна уште прекрасната почетка идеологија „вклучува да се биде вистинит… на својата лична осаменост, веренна сопственото тајно знаење.“

Секоја генерација верува дека мора да се бори против притисокот на сообразноста; дека мора да се бори пожестоко од која било претходна генерација за да го заштити тајното знаење од кое извира интегритетот на нашата самостојност. Некои од овие верувања произлегуваат од вообичаеното сфаќање на културата заслепена од нејзината пристрасност во презентирањето, ифнорирајќи ги контекстуалните аналогии на минатото. Но, голем дел од тоа веќе еден век и половина од Ниче, а особено во годините од Хини, се случува точен одраз на условите што ги создадовме и континуирано ги засилуваме во нашиот сегашен информативен екосистем – Павловски систем на постојан фидбек, во кој најлесните и најчестите мислења најмногу се наградуваат, а гласови кои не се согласуваат најчесто се казнуваат од неразумната толпа.

Неколку луѓе во изминатите два века, откако Емерсон ја елаборираше својата идеја „trust thyself“ храбро и доследно се спротивставија на ова културолошко промашување на индивидуалноста од Е. Е. Камингс (1894-1962) – уметник кој никогаш не се откажа од тоа неговиот неконвенционализам само затоа што, според зборовие на неговиот пребирлив и компетентен биограф тој „го презираше стравот, и неговиот живот го живееше во пркост на сите што беа владеени од него.“

Некое време по педесет и деветтиот роденден на поетот, еден американски весник во Мичиген објави кратко, а огромно дело на Камингс под наслов „A Poet’s Advice to Students“, зрачејќи со експанзивна мудрост за уметноста, животот и храброста да бидеш свој.

Тоа го инспирираше Бакминстер Фулер кој подоцна бил вклучен во „E.E. Cummings: A Miscellany Revised“ – таа прекрасна колекција, самиот поет ја опишал како „кластер на епиграми, четириест и девет есеи на различни теми, поема која ги распашува догмите, и неколку селекции од незавршени претстави“.

Обраќајќи се кон оние што се стремат да бидат поети – нема сомнеж дека во тоа најширока Балдвинистичко чувство на будните уметници во секој медиум и храбрите гледачи на човековата вистина. Куминс ја посочува поетесата Лаура Ридинг со нејзините исклучителни писма до осумгодишно девојче и пишува:

Поет е некој што чувствува и знае да ги иразува своите чувства преку зборови.
Ова можеби звучи лесно. Но не е.
Многу луѓе мислат или веруваат или знаат што чувствуваат – но тоа е размислување, или верување или познавање; не чуство. И поезијата е чуство – не знаење или верување или размисла.
Речиси секој може да научи да мисли или да верува или да знае, но ниту едно човечко суштество не оже да се научи да чувствува. Зошто? Затоа што секогаш кога мислите или верувате или знаете, вие сте збир од многу други луѓе: но во моментот кога чувствувате, вие сте никој друг, туку лично вие.
Да се биде никој друг туку себеси, во свет во кој што се случува сé, секој ден и ноќ, значи да се борите во најтешката битка во која може да се бори секое човечко суштество.

Самиот Камингс би требало да го знае тоа, тој исто така се бореше со таа најтешка битка: кога му беше доделена престижната годишна стипендија на Академијата на американските поети – МекАртур на поезијата- Камингс се соочувал со жестоките критики од традиционалистите кои го нападнаа со омраза за неговата храброст за кршење на традицијата и да се биде никој друг, туку самиот себе во неговата уменост. Согледувањето на тој неодржлив креативен интегритет загарантиран од немилосрдната етика на работење, тој изјавил:

Што се однесува до експресијата nobody-but-yourself со зборови, тоа значи дека работите се малку потешки отколку штобило кој што не е поет може да ги замисли. Зошто? Затоа што ништо не е толку лесно како што е користењето зборови како некој друг. Сите ние речиси цело време го правиме токму тоа – и секогаш кога ќе го направиме тоа, ние не сме поети.

Ако, на крајот од првите десет или петнаесет години на борба и работа и чувство, се најдете дека сте напишале еден нацрт на една песна, вие навистина ќе бидете многу среќни.
И така, мојот совет до сите млади луѓе кои сакаат да станат поети е: направете нешто лесно, како да учите како да го разнесете светот – освен ако не сте само подготвени, туку среќни, да чувствувате и да работите и да се борите додека не умрете.

Дали тоа звучи лошо? Но не е.
Тоа е најубавиот живот на земјата.
Или така јас се чувствувам.

извор:
http://brainpickings.org

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
За потребата од препрочитување на мистификациите во македонската литература
Помалку или повеќе изразената негативна конотација, што ги следи литературните мистификации уште...
Повеќе
0 replies on “Храбростa да бидеш свој: Е. Е. Камингс за уметностa, животот и стравот од чувствата.”