На крајот од тунелот
Го почувствуав
допирот на свелото.
Го издвоив зракот.
Дишам длабоко
низ око.
И гледам дека гледам.
Ти си тој.
Божем
П р е м о с т у в а м
Река
Проблем
Време
Простор
П р е м о с т у в а м
Себе
Неа
Тебе
Нив
П р е м о с т у в а м
Биологија
Движење
Подеми
Падови
П р е м о с т у в а м
Попатно
Нагонски
Плански
Стихијно
В с у ш н о с т
Пливам
В с у ш н о с т
Не уживам
В с у ш н о с т
Божем
Сериозна жена
Ја прпознавам играта на согорување
и бегам со време
Моите години знаат
дека блесокот трае миг
и ја насетуваат опасноста
долго да се сеќавам
Јас сум Сериозна Жена
Ќерка, 18 г.
Убава е
Паметна
Заводлива
Мрзлива е
Морам да ја туркам
Знам
Мајка сум
Игра
Толку многу си играм
што не стигнувам да ги запаметам игрите
Всушност
само си играм
Убав збор е тоа
Уживам кога си играм
Може да се рече дека сум играч
Ги знам и играчите од игрите
Диета
Гладна сум!
Гладна за благо, солено, луто, горко.
Крцкаво, кремасто, цврсто, питко.
Ги полнам своето тело и душа.
Го хранам едниот од нагоните.
Разговарам со Фројд и Јунг
додека шетам по совет на лекарот по општа пракса.
Телото ми е болно поради дебелеење.
Веројатно и душата.
Ја лекувам само нејзе.
Каде е грешката?
Во другите нагони
кои ги препакував во устата?
Кој ќе знае, човекот е чудо.
Морам на диета,
Јасно ми е.
А гладна сум
и додека ова го пишувам.
Нема да станам.
Не, не.
Диета!
Пишувај, Милосава, пишувај…
Препев: Борче Георгиев