Имаме уред. Се вика книга! Како научната фантастика ја гледа иднината на читањето.

...разбирањето во читањето може да биде подобро зачувано во нашите мозоци од искуството на физичка книга наспроти екран.

Зборувајќи со Американското здружение на книжари во 1989 година, богот на научната фантастика Исак Асимов ја замоли својата публика да замисли sci-fi уред за складирање информации што „Може да оди насекаде, и е лесно преносливо. Нешто што може да се стартува и запре по волја на корисникот, дозволувајќи му пристап на информации на ефективен и лесен начин.“ По тоа што го замислив имаше драматична пауза, Асимов одговори на својата научна загатка: „Го имаме тој уред. Се вика книга.“
Дваесет и пет години подоцна, со оглед на нашите навики за читање од екранот, одговорот на загатката на Асимов беше помалку очигледен. Дали денес, традиционалниот формат на книгата е сè уште нашата најелегантна технологија за читање? Марија Комникова, зборувајќи во подкастот „Slate“ смета дека одговорот е „можеби“.
„Знаеме дека одредени начини за презентирање на текст се полесни од други. А традиционалниот формат на книгата, верувале или не, се покажа дека е еден од најдобрите начини за читање на нашите очи“.
Комникова се обидуваше да истакне дека не мора да значи дека читањето од екран е полошо од читањето од страница и во дебатата внимателно го потенцираше фактот за директната светлина наспроти рефлектираната светлина. Наместо тоа, поентираше дека има „… нешто во опипливоста на страниците… и она што го знаеме за информациите и за разликата во начинот на кој ги процесираме информациите.“ Потоа, таа ја елаборираше идејата дека разбирањето во читањето може да биде подобро, или барем, зачувано подобро во нашите мозоци од искуството на физичка книга наспроти екран.
Малата загатка на Асимов, покрај она што ја увери својата публика, исто така беше одговор на една деценија на технолошки напредок, бидејќи персоналниот компјутер на колективната фантазија на научната фантастика стана реалност. Научна фантастика тоа го имаше замислено, и така се случи. Па, што друго кажува нашата литература за иднината за нас и за книгата? Дали преживува? Дали ќе остане „најефикасниот, лесен уред за складирање“?

Неспорно најдобриот од филмовите „Star Trek“, „Star Trek II: The Wrath of Khan“ во 1982 година, исто така е и најлитерарен од сите останати филмови. Во почетните сцени, Спок му дава на Капетанот Кирк копија со тврд повез од „A Tale of Two Cities“, затоа што знае за „наклонетоста кон антиквитети“ на Кирк: во иднината на 23-от век на „Star Trek“, вистинските книги се куриозитет од далечното минато. Овој вид на хипербола е насекаде присутна во поп sci-fi културата, каде што медиумот не е само порака, туку и затка. Уште во 1984 година, најитриот член на „Ghostbusters“ – Егон Спенглер (покојниот Харолд Рамис), очекувајќи дека новиот милениум ќе донесе потоп на илјадници пишани дела, онлајн и на друг начин, рече „печатењето е мртво“. Па, дали е?
Од книгата „Fahrenheit 451“ на Реј Бредбери до видното отсуство на литература во „The Hunger Games “ на Сузан Колинс, иднината на книгата – во литературата, филмот и телевизијата – не е многу ведра. Во огромно мнозинство на футуристичката научна фантастика, читањето книги – или барем поседување книги – веќе не е дел од секојдневниот живот. (Ова не значи дека сите овие дистопии се без книги: заплетот во sci-fi класикот „Волшебникот од Оз“ е одличен пример за тоа).
Авантуристичкото „uber-geek-chic“ sci-fi шоу, „Doctor Who“ честопати се обидува да ја исправи за мрачната неизбежност на иднината без книги и во незаборавната приказна во два дела од 2008 година – „Silence in the Library“ – самиот Доктор изјавува: „Книги ! Луѓето никогаш не може да се уморат од книгите!“ Епизодата се одвива на планетата наречена „The Library“, која има континенти поделени во жанрови (екваторот е биографии!) и планетарното јадро што е огромен хард диск со каталог на картички. Но, книгите во „Библиотеката“ не се оригинали. Наместо тоа, автоматизираниот свет ги произведува сите нови изданија од кој било вид на книга што може да се замисли. На прв поглед, планетата „Библиотека“ се чини дека би била сон на сите љубители на книгите… но, тогаш на површината се појавуваат прашањата: каде, во овој книжевен рај, се оригиналните отпечатени книги? Одговорот е прилично очигледен.
Во мнозинство на имагинативни sci-fi светови, недостигот на физички книги обично значи дека сите „читаат“ на различен начин. Па, пред да ги добиеме е-читателите во реалниот свет, повеќето од читањата во научна фантастика се случуваа на екранот. И сега сме пристигнале во иднината: читаме од екрани, секој ден, цело време. Па што ќе се случи следно, по читањето од екрани?

Извор:
lithub.com

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
РОМАНОТ ДОБИТНИК НА ГОНКУРОВАТА НАГРАДА, „БУСОЛА“, ОБЈАВЕН ВО „АНТОЛОГ“
Возбудлива и убедлива ерудиција, со зачудувачки референции на композитори од деветнаесеттиот век...
Повеќе
0 replies on “Имаме уред. Се вика книга! Како научната фантастика ја гледа иднината на читањето.”