Делумно историски роман, делумно шпионски, делумно романса…
Инспиративен роман на една навидум обична, бедна жена по име Сира, која, користејќи го своето знаење и љубов кон шиењето, многу храбро се трансформира прво во угледна и престижна шивачка, а потоа во таен агент на сојузниците за време на Втората светска војна.
Марија Дуењас ја везе приказната на Сира околу животот на важни историски личности, меѓу кои и Бајгбедер, министерот за надворешни работи на Франко, Росалинда Фокс – неговата љубовница, и поморскиот аташе Хилгарт, шефот на британското разузнавање во Шпанија. Притоа романот го закрпува со бујни описи за високата мода. Дефинитивно, воопшто не е тешко да се замислат парчињата облека и гламурозните наметки со живописен изглед во шпанското Мароко во текот на 30-тите и 40-тите години на минатиот век, кои придонесуваат целосно портретирање на една млада жена што гради самодоверба и способност заради својот талент и решителност.
На 12 години Сира ги чисти подовите на ателјето каде што нејзината мајка работи како шивачка. На 14 години таа започнува да учи да шие. Околу дваесеттите години се свршува за скромен државен службеник, чијашто желба е да направи службеничка и од неа. Но откако ќе запознае двајца харизматични мажи – човекот од кого треба да ја купи машината за куцање и да стане службеничка, и татко ѝ, кој никогаш претходно го нема видено – животот ќе ѝ добие поинаков наратив.
Со подготовката на Шпанската граѓанска војна во Мадрид, Сира ќе ги остави својата мајка и свршеникот, и со својот љубовник ќе замине во Мароко. Сепак, наскоро ќе остане сама, без пари и со скршено срце во една непозната земја. И притоа со голем долг кон хотелот во кој ќе престојува заедно со десетгодишниот од неа постар љубовник. Поради влошената ситуација во Шпанија, во Мароко ќе бидат „заробени“ и европски иселеници, кои ќе имаат потреба да си ги расеат своите мисли од војната, присуствувајќи на забави облечени во убави и модерни фустани. Конците на судбината и дарот за создавање убава облека ќе ја спаси Сира од сиромаштијата и од долговите, и ќе ѝ вдахне храброст да ѝ стави крај на војната, учествувајќи со свој мал придонес.
Додека Англија, Германија и другите големи сили започнуваат тежок судир од Втората светска војна, Сира се враќа во Мадрид, каде што добива нов идентитет и започнува со најопасниот потфат во нејзината кариера. Вплеткувајќи се во светот на шпионажата и политичкиот заговор, полн со љубов, интриги и предавство, Сира ги шие најубавите фустани на сопругите на нацистичките офицери и ги дознава нивните политички тајни.
Накратко, пред вас гледате богато текстуриран роман и маестрален раскажувач. „Конци на судбината“ е издание на Антолог, а по неа има и адаптација на ТВ-серија. Јас уживав во книгата, а верувам дека ќе ужива и секој од вас.
Инспиративен роман на една навидум обична, бедна жена по име Сира, која, користејќи го своето знаење и љубов кон шиењето, многу храбро се трансформира прво во угледна и престижна шивачка, а потоа во таен агент на сојузниците за време на Втората светска војна.
Тагови од објавата
Број 129-130
More from Денис Бојаров
Кон „Гитара од палисандер“ од Кристина Гавран
Приказната е врамена од метафоричкиот лик на една жена, носител на животоносно...
Повеќе