Веројатноста е иманентна категорија на литературата која не подлежи на проверка на вистинитоста, туку проверка на правилата на родот и контекстот односно „светот“ во кој се случува дејството. Терминот мотивација е воведен од руските формалисти за да покаже како функционалноста на елементите на дискурсот се крие под маската на каузалната условеност и оправдувањето… Мотивацијата е она што е потребно, а отсуството на мотивација станува нулта мотивација, т.е отсуство на мотивација како мотивација. Функцијата и мотивацијата се различни, мотивацијата е она што е потребно за да се прикрие функцијата. Наративната вредност на едно дело е разликата добиена со одеземањето: функција минус мотивација. V=F-M
Драмската постапка и мотивот кај Крлежа се многу сложени и поразновидни отколку што се воочува при првото читање. Тоа се гледа во главниот лик Леоне – тој има многу позитивни вредност морални, интелектуални, но во него има и длабинска аксиолошка негативна димензија. Леоне е другиот меѓу Глембаеви. Првиот чин завршува во знак на целосна морална, интелектуална и уметничка надмоќ на Леоне. Но, уште во овој чин писателот на одреден начин латентно ни прикажува друга црта на неговиот карактер: играта на Леоне со лулето е абнормално интензивна. Имено поседувањето на извесни, несвесни, желби кои не се забранети, но не се осмелуваме да им дадеме „дозвола“ за задоволување: во таква ситуација, желбата бара пат за излез од несвесното, егото ја блокира во знак на одбрана, а резултатот на овој внатрешен конфликт е она што го викаме невроза. Земајќи го ова предвив, очигледно е дека, изразот абномарно интензивна не е случаен. Леоне иако морално и интелектуано е супериорен, психолошки покажува знаци на нарушеност. Неговиот лик е граден користејќи се со ало ефект – потреба за фаворизирање на одредени вредности кои не случајно се откриваат први, сакаме да мислиме дека меѓу неговите вредности има хармонија. Неговата личност на почетокот е на извесен начин скриена на повеќе начини, писателот неморалниот свет на Глембаеви го обезвреднил до тој степен што ниедна негова реакција не е претерана. Важно е да се истакнат неколку сцени каде најдобро се согледува разликата меѓу него и останатие. При разговорот Глембај го прашува Леоне дали меѓу сликите се наоѓа и онаа која добила нагрда, а потоа ги расфрла, за веднаш со интерес да почне да разгледува еден скап несесер и го распрашува каде го купил и по која цена. Така дознаваме дека на Глембај сè што е од обласна на уметноста му е туѓо, а го интересира само она што може да се претвори во пари. Позитивниот лик на Леон повторно се истакнува и се повлекува растојание кое ги дели овие два лика.
Глембаеви често се наоѓаат во салонот каде што се насликани претците за да се бодрат, и за да ги воздигаат корените, но дознаваме дека ниту еден не дошол на врвот без морално, ментално или физички да биде унаказен. Светогледот на една личност е клучен за оформување позицијата и аголот на гледање на идеите и претставите поврзани со светот. Каде што Глембаеви гледаат црква во рака, Леон ја гледа вистината и препознава крв и нож. Бесот кој го чувствува тој е упатен кон татко му, а потоа и кон себе како наследник во аморално семејство.
Во спорот со Леон се дознава неуспехот за бракот на неговиоте родители. Глембај се жени за девојка од благородничко семејство Даниели, но мотивацијата за бракот не е љубовта, туку е социолошка. Со добрите женидби Глембаеви го создаваат митот за нивното високо потекло кое им донело општествен статус и уште поголемо богатство, па воочливо е дека и бракот за нив е меница = глембаевски брак; нужно е злата крв да се чисти со плавата.
Крвта на Даниели му дава чувство на надмоќ на Леоне неговиот идентитет се врзнува со објект-избор кој е создаден на фантазија и идеализација. Воочлива е поделба на мајката на две слики – светица и блудница (потисната во свеста). Тоа дека неговата мајка е доведена до совршенство, се открива во вториот чин каде се открива минатото. Дознаваме дека неколку пати пробала да се самоубие и за нејзината афера. Првин таткото ги открива на синот аферите на мајката, а потоа тој нему на жената = мотивација заради кршење на идеалот. Според Клајн, Леоне за смртта на мајка не го криви само татко му туку и себе си затоа што потоа спие со бароницата, директно предавство.
Бурното време симболично го наговестува рушење на таткото од пиедесталот. Знаејќи ја вистината за промискуитет на бароницата, Леоне е од почетокот во супериорна положба. Таткото првпат го моли и му се обраќа на галено, пријателски однос. Глембај се однесува како некој кој е цврсто убеден дека Бароницата е невина, Глембај насетува дека Леоне е можеби во право, тој се брани од некое свое внатрешно сознание, што индикректно избива на површина преку неговиот однос кон Зелбербрант. Тој пробува да ја зачува единствената стабилно нешто во животот. Признанието на Леоне е пресудно, сè после тоа е замислено како неизбежно. Кога Глембај добива срцев удар, не вика лекар, туку бара да се викне бароницата затоа што таа е последното нешто за кое се држи, а кога ќе му кажат дека таа не е во нејзината соба, силата на зборовите на Леоне се зголемува, па мотивациски се влошува неговата состојба. Кога таа ќе дојде дава едно матно објаснување и настапува неговата смрт. За причина за неговата смрт се спомнува и претходно неговото слабо срце и колку виски испил, а докторот ја поставува неговата дијагноза што јадел, како се одесувал а како требало, но неговата смрт е пред сè предизивикана од сознанието дека живеел во лага. Тоа што Глембај не бара доктор заради силните болки кои се предзнак на срцевудар, а ја бара жената, докажува во колку живеел во илузија. Врз илузија е граден сиот негов живот и кога таа се гаси се гаси и неговиот живот, неговото одбивање да ги виде негативните работи кај бароницата е психолошка мотивација.
Се стремиме на себе да гледаме како на слободни, целосни, автономи индивидуи кои самите се создаваат, но потребен е субјект кој ќе нè препознае, признае и нè увери дека сме ценети, па со тој чин на признание се претвораме во слободен, автономен субјект. Со смртта на Глембај престанува да постои еден однос со кој Леоне сам се идентификува. На овој начин неговата борба со самиот себе, односно со претставникот на она што мрази сè во себе и околу себе е завршена. Јулија Кристева го поставува прашањето: да се нема родител – оттука ли почнува слободата? за Леоне одговорот е: НЕ, пресметката на Леон со татко му е и пресметка со Глембај во себе, а тоа не е борба против нешто надвор од него, туку борба против она потиснатот, несвесното во самиот себе – борба против генетското проклетство. Пример за добар и лош син е основа во драмата – оние кои ги исполнуваат очекувањата на таткото и се сакани од него и оној кој го преиспитува неговиот идентитет и статус. Иако очигледна е одбивноста на Леоне кон татка си, една негова функција оди во прилог за тоа дека тој сака да биде прифатен од него, кога ѝ се додворува на Анѓелика тоа го прави затоа што таа може да му помогне да стане Иван, заземање на местото на братот и така да го задоволи таткото. Идентитетот се обликува спрема она што го немаме, она што недостига, идентитетот не е она што го врзува објектот кој постои, туку она што го врзува некој со објектот кој го напушта објект-избор.
Биолошката мотивација Крлежа ја оправдува со легендата, но банално е да се сведе само на биолошка мотивација. Судбинска нужност на случувањата, одредена судбина на сите Глембаи. Ликовите мора да излезат такви какви што се, на овој или оној начин мора да станат убијци, сè е однапред одредено. Но дали Леоне воошто имал избор: Човекот (неговата личност) се сфаќа од како производ на трите фактори на наследството (расата), средината (околината) и историската ситуација. Личноста зависи од наследните особини што таа ги носи, односно од нејзините гени доминантните и рецесивни (скриени) гени. Тие само го чекаат моментот да се разбудат! Под хибрис се подразбира заслепеност на ликот од самиот себеси и сопствената величина и моќ; чувство на гнев поради непризнаена величина од средината (оспорен нарцизам).
Во античката трагедија боговите скриваат одредени клучни факти, но во модернизмот боговите се заменуваат со потсвеста, односно непознавање на другиот во мене. Трагичниот лик е поделен и трагедијата произлегува од оваа негова внатрешна поделеност, а не поради надворешни сили. И тој, на некој начин ја заслужуваа својата судбина. Тој води борбата против себе, со која владее идот затоа што е до крај потиснуван и отфрлан. Кај него се забележува побуна против другите и против себе мислејќи дека врши summum ius прави summam iniuriam.
Во романот има два типа на раскажување: Веројатно или со имплицитна мотивација и мотивација од прв степен или ограничена мотивација
Крлежа во центарот на драмското дејство става еден растргнат лик, лабилен идентитет. Трагичното кај Леон е тоа што е свесен за семејството, знае што значи да си Глембај и пробува да побегне од тоа, и покрај пркостот кон својата природа на крајот ја предизвикува смртта на татко си и бароницата во хибрис – станува полнокрвен Глембај.
Користена литература:
– Бановиќ – Марковска, Ангелина: „Важно е да си Глембај: селективна генетика на капиталот“ Дискурс и екскурс. Скопје: Матица македонска, 2017
– Кристева, Јулија: Токите и фигури за другоста. Скопје: Темплум, 2005
– Крлежа, Мирослав: Господа Глембаеви. Скопје: Наша книга, 1987
– Zerar, Zenet: Figure. Белград: Култура, 1985