Сонце, сонце, сонце

СОНЦЕ, СОНЦЕ, СОНЦЕ

Сонце, сонце, сонце,
дали сме луѓе
дали ноќта нè претвора во сенки
дали денот нè разоткрива
сонце од каде светиш
ги заслепуваш црните змии
што се влечат по бетонот
противотровот не е во светлината
туку во испивањето на отровот до дно
стаклената тегла што не претвора
од сенки во сонца

 

***

Делови од говор
што отпиваат од виното
автентичноста на авторот
се капките
по страниците
животот пишува
чкрта
реалноста секогаш е недостиг
какви се содржините
кој ги изговара деловите
кој ги вади оклопите
каде сме веродстојни
ние затворените во молк и подголтнување
во перото
во животот
ракописот е еден
окото се обѕирнува
само ништо
е сеопфатно

 

***

Да не се расплетува клопчето
да не се растура собата
зборовите да се штедат
оти после тешко
се сместуваме во кожата
ги соблекуваме змиите и се откриваме
соголени шарки
дојде време кога мора да ги земеме четките
взаемно
да си ги насликаме портретите
на ѕидовите да се закачиме
да се запомниме

 

ПЛОШТАДОТ НА ПРЕГРАТКИТЕ

Таму полумесечината
го допира
утрешниот изгрев
литургија
на Велика Сабота

 

Препев од бугарски:
Славица Гаџова Свидерска

Тагови од објавата
Напишано од
0 replies on “Сонце, сонце, сонце”