Возвишеност / Грдотија / Комедија

Зборови украсени со замаглен превез на неизразливост, поткреваат гибел на излитената и загадочна романса. Тонови на ефемерна страст се растопуваат во бездната, каде канвасот на љубовта станува апстрактна граѓа.
Возвишеност

Трансцендентна сфера на апстрактните резонанси,
ритмичко танцува во суштиностите со оркестрален восхит.
Помеѓу висечките лингвистички спектри, очајувам по изоставената блискост,
сонливо лебдеејќи во етеричниот бескрај.
Во осцилациите на гробното ехо,
елегијата на срцето го ткае егзистенцијалното влакно,
преминувајќи ги границите на поимањето.
Зборови украсени со замаглен превез на неизразливост,
поткреваат гибел на излитената и загадочна романса.
Тонови на ефемерна страст се растопуваат во бездната,
каде канвасот на љубовта станува апстрактна граѓа.
Во светлината на отсуството,
откривам спокојно растапкање,
симфонија на солзи што лебдат низ величествената неизвесност.
О, светска музо на надминатите апстракции,
биди сведок на естетскиот подвиг во лавиринтот на ноктурните.

Грдотија

Уништив дабово дрво да си направам штафелај
Го собрав сиот памук од полјаните
Си направив едно платно
Грозјето од лозјето го изгазив
Се насладив со вино
Сега ќе пишувам поезија
Со зборови на гнев и одврат
А, што можам повеќе
Јас грд човек
Убаво дело да создадам
Убав човек грдо дело да создаде
Како може?
Јас не пишувам поезија
Сега ќе сликам
Немам бои ниту четка,
само едно бело скислено платно
Едно испиено вино
Јас не сликам
Сега ќе компонирам
Жиците ги раскварија
Врвовите на прстите
Сега веќе имам боја
Едно пеплосано платно
Една искшрена чаша вино

Сега ме разбираш ли
несвесен пријателе мој?
Јас сум најдобриот
Уметник

Комедија

Нагонски занес или величествен сон
Суштински момент во пристапот на апсурд
Трансцендентната убавина се раѓа,
Скршена во ритмиката на невидливата оргија,
Сврзувајќи ја врвицата на чистото и дивото.
Ќе го исчистиме гневот
Светот ќе копнее по водата на дождот,
Дека крв ќе капе од челата на оние
чие место е гроб.
Нем плач ќе се воздигне до небесата
Ќе ги расече божествата
Олимписко месо врескајќи ќе падне
Од врвот на облаците врз моето детство

Тагови од објавата
0 replies on “Возвишеност / Грдотија / Комедија”