Додека ги читате страниците од овие приказни раскажани или во прво или во трето лице од авторот, додека ликовите пристуни во секој расказ се толку дефинитивно сложени и заплеткани, додека тие оживуваат, бледнеат, летаат, се двоумат, се сеќаваат, посакуваат или очајно се обидуваат незапирливо во своите витални борби, одеднаш, како во најсреќните случаи во книжевните рамки, автоматски стануваме и се чувствуваме дел од сè што читаме.
И така, одеднаш, истовремено и ќе се чувствуваме сите интегрално како дел од темната книжевна инспирација на авторот, како читатели сега трансформирани во блиски соработници во неговиот наративен напор.
Ова се случува, секако, затоа што сè што е раскажано во овие приказни што започнуваат кратко, како вистински наративен маратон (за потоа да се зголемува темпото и обемот сè повеќе и повеќе, иако светогледот, нарацијата и наративната суштина остануваат незапирливо исти, длабоко, без оглед на должината и суштинските карактеристики на секоја приказна), е како дел од животот на секого.
И нашиот секако, како читатели.
Бидејќи сите ликови во овие приказни, кратки по должина, или долги накратко, се едноставно одрази и сличности на секој од нас, интерактивни последици на нашата колективна свест поединечно, или на нашата индивидуалност колективно.
Во средината на едно мрачно човечко општество, како и духот што ги проткајува овие приказни на „Приказничарот“ од почеток до крај, каде што единствената жива суштина на секоја личност се топи и се обединува во огромниот океан на меѓучовечко дишење.
Каде што, на толку редок начин, како ретко кој друг, авторот на овие раскази, „Приказничарот“, лукаво знаел како да лови риба со својата инспиративна јадица, особеностите, настаните, паранојата, ужасите, треперењата, понижувањата, потиснатата храброст и најнеискажливите желби на човештвото не само на Балканот, на неговото Скопје, па дури и пошироко.
Поради оваа причина, читањето на „оската“ на овие раскази, оската околу која се врти бесно чукачкото срце на оваа наративна жар, веднаш не прави дел од еден свет, навидум „темен“ и нејасен, ладен, влажен, непростлив и понекогаш застрашувачки, кој, магнетски, е и ваш, наш, сечиј.
Како да бевме колективно несвесни ликови од овие раскази.
Како авторот да нè познавал сите нас одделно.
Како да ги знаел нашите најскапоцени, или којзнае, најсрамни тајни.
Како да го превел нектарот на нашите духовни состојби, како да се лизнал во нашите најпотиснати соништа некаде длабоко во нашите умови или души.
Како сè што го имаме да е најавтентично, тој да знаел како да го трансформира во ситни делчиња од толку разновиден и привлечен мозаик, кој е сумиран во оваа наративна лавина.
Лавина што расте и се зголемува во литературна големина и моќ, заедно со радосното прелистување на страниците на оваа книга толку единствена по своите карактеристики.
Слично на лифтот на завршната приказна, „вратите на перцепцијата“ на читателот ќе продолжат да бидат суспендирани до крајот, пред целосно да се отворат за перспективата на литературниот поглед на светот на авторот и секоја нарација, што ќе го просветли умот на секој што има среќа и задоволство да ја прочита оваа книга.
