БЕЛИ ПЕРДУВИ
Темно е, авети црни
заробиле светлина,
расфрлиле црн плашт на устите и очите,
во мракот чекорат сенки без имиња -сите исти,
ама мене ќе ме познаеш по белите пердуви.
И во црнилото бела ми е душата,
Црното не е боја на срцево.
Пустина ,песок ,
прашини од пеплосани ѕвездени животи
изгорени различности,
недоглед од зрно на зрна, сите исти,
ама мене ќе ме познаеш по белите цутови,
И во пустелија срцето ми цвета,
со корен ми е душата бела .
