За „Остатоци од некое друго време“ од Никола Маџиров


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/echqdumm/public_html/reper.net.mk/wp-content/themes/simplemag/formats/format-standard.php on line 28
Постои чудна непретпазлива врска не само со минатото на Маџиров како Македонец фатен и прогонуван од неговата константно непријатна историја, но и со неговото име и начинот на кој неговите песни се одвиваат – некогаш графички, некогаш звучно, а понекогаш двете одеднаш – „дома“ и „скитајќи“.

madzirov

Секогаш кога ќе ја земам „Остатоци од некое друго време“ од Никола Маџиров, а тоа се случило многупати во последниве неколку месеци, не можам да не го почувствувам веднаш она исто чувство на спокој, она исто чувство на интезивно-телесно и интензивно-духовно присуство, како раката на авторот сè уште да ги гали буквите што го измислуваат секој збор од песните, кои ќе се чувствуваат како букви од друго време – љубовни букви, можеби, и упатства,  – додека во исто време чисто ги носат нашите белези. Има и референција кон „e-mail-буквите“ во најмалку еден случај, но тие се чувствуваат како да се напишани со рака, како да ги наоѓаме на стара хартија, како авторот да е мртов, или може да се замисли себеси мртов, сегашноста да си ја замисли како минато, неговото минато како сегашност, каква ли доба ќе пронајдат подоцна овие „остатоци“ – и само љубовта ќе биде важна, ќе го направи вистинско, ќе му даде облик на она што ќе се појави, иако сè што ќе видиме од тоа ќе дојде кон нас како остаток и навестување, и скриено „во дното на куферот“ и „старата кутија за чевли“, „во наборите на завесите“, под зборовите. Поимот на Мендељштам, на Селан за песна како порака во шише што е донесено на брегот – она чувство на читателот како ненадеен примач – е доста живо во овие песни, иако дел од нив се наменети за специфичен примач. И интересно е тоа што нивната интензивна интимност и светол допир можат да се почувствуваат како еднакво наменети за одреден и љубен, познат примач, како и за рацете на странец што можеби ќе ја земе книгата сега или во друг век, во друга држава, кога било. Поезијата е неверојатно нежна, со доверба во читателот, во човекот што сака да слуша, во носачот на душата, ранлива, а истовремено, мудро, отворено низ благодатот на расфрланите корелативи, низ погледите, низ игрива асоцијација – како во тивки сенки дури и на собите во кои ги читаме овие зборови, меланхолијата, нивниот радосен писател можеби чека да ја оставиме книгата и да му се придружиме:

 

По нас

Еден ден некој ќе ги здипли нашите ќебиња
и ќе ги прати на хемиско чистење
од нив да го истрие последното зрнце сол,
ќе ги отвори нашите писма и ќе ги реди по датуми
наместо по исчитаност.

Еден ден некој ќе го размести мебелот во собата
како шаховски фигури на почеток од нова игра,
ќе ја отвори старата кутија за чевли
во која ги чуваме паднатите копчиња од пижамите,
недотрошените батерии и гладта.

Еден ден ќе ни се врати болката во ‘рбетот
од тежината на хотелските клучеви и
сомнежот со кој рецепционерот ни го подава
далечинскиот управувач.

Туѓите сожалувања ќе тргнат по нас
како месечина по заталкано дете.

 

remnants-of-another-ageНаклонетост кон вешти и иновативни повторувања и начинот на кој секоја песна го содржи овој парадоксален и паралаксен момент, (минато/сегашност, мртов/жив, „Живеам помеѓу две вистини/ како неонска светилка која трепери во/ празен ходник“), заедно со леснотија – што се чини како супериорна доверба во деталите што се обѕрнуваат за да ги создаде нивните импликации – ова се алатките вродени во сензибилноста, која придонесува кон непретпазливо чувство на интимност кај секоја песна, и, еднакво, чувство на интимност кон непретпазливото.

Како што Фројд го искористил тој збор алудирајќи на својата сопствена „непретпазливост“, следејќи го патот на неговата етимологија, разоткрива за да го обедини она што се чини како „Heimlich“ и не-heimlich (како дома и не-како-дома), постои чудна непретпазлива врска не само со минатото на Маџиров како Македонец фатен и прогонуван од неговата константно непријатна историја, но и со неговото име и начинот на кој неговите песни се одвиваат – некогаш графички, некогаш звучно, а понекогаш двете одеднаш – „дома“ и „скитајќи“. Како што пишува Каролин Форч во својот увод, „неговото презиме произлегува од маџир (madzir/majir), што значи „човек без дом“… Значи, Маџиорв се откажува од корените и станува поет на шансата, на случајните средби како, на… „среќавањата како хартиено бротче и/ лубеница која се лади во реката.“ Ова е она што придонесува за одвиткувањето на човечката душа во својата „тајна миграција“.

Овде, непретпазливоста, ако е малку морничава, е исто така добредојдена, исто така светла, како шепот: „Како пердув мојата душа/ патува помеѓу два прозорци“ дури и како „Секој ден мојот дом/ потајно се менува под шаторот на светот…“ „Со разделени раце и здружени прсти/ претставувам покрив“. Во „Градовите кои не ни припаѓаат“, Маџиров започнува, „Во чудни градови/ нашите мисли скитаат мирно…“ Во „Разделени“, дури додека живее „на работ на градот/ како улична ламба чија светилка/ никој никогаш не ја менува…“ овој поет се чувствува како дома длабоко во својата кожа („Земјата од која сум направен/ е изградена во мојот дом“). Овде е поет што не знае да чита само „…азбука/ позната само на двајца- / тебе, и на оној кој не ти верува“, туку и некажаниот збор на гестот и на обичајот: „Во прегратката во аголот ќе препознаеш/ некој заминува некаде/ Секогаш е така“ или „Ништо никогаш не е ново. Автобуското/ седиште е секогаш топло“. Знае како да „Биде сам, но не и осамен/ за да може небото да те прегрне,/ за да можеш да ја прегрнеш осамената земја.“

Дружељубиви, дежавуовски, истовремено отелотворени и неотелотворени, ова се песни кои знаат дека „Ниту еден нелегален копач до сега/ не ги нашол ѕидовите меѓу нас…“ Родени и од сериозност и од копнеж, тие знаат како да пловат. Клише е, знам, да се каже дека песните се светли и безвременски. Сепак, тие се – благодарение на, мислам, и на Маџиров и на неговата група од преведувачи Пеги и Греам В. Рид, Магдалена Хорват и Адам Рид. Но, ако се сјајни, тие се и засенети – еднаква неопходност. Во друго време. И толку сега.

Преземено од: POETRY INTERNATIONAL MAGAZINE, USA 2013

 Превод од англиски: Исток Улчар

Тагови од објавата
,
1
Напишано од
More from РЕПЕР
Избор хаику
Избор од најновите хаику песни на Владимир Мартиновски
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *