Ciao, Amore, come va?

Едно од најубавите работи во животот е да признаеш колку љубиш.

Заљубеноста почнува од себеси. Да знаеш дека не си совршен, ни по тело, ни по ум, ни по душа (кој е?), а сепак да си си омилен лик во сите свои филмови. Или речиси сите. Лесно или тешко, секој за себе си знае. И Господ знае само колку трае заљубеноста. Да би да потрае долго, како во себе, така во другиот, во цветот, во светот, во видливото и невидливото… Веројатно тоа е тајната на заедништвото. Остануваш заедно и после години, тој/таа е најдоброто и најлошото во исто време што може да те снајде, си ги знаете сите мани и доблести, сте си згрешиле и простиле милион пати, а сепак не може да постои друг/а на негово место. Тоа е она за не дај Боже што се вели, каде едниот, таму и другиот. Ретка е таквата љубов. Ја учевме во приказните, (And they lived happily ever after…), ја видовме кај нашите баби и дедовци, родители, ќе ја фатевме со крајчето од окото кога ќе се бакнеа на празник во гужвата пред сите, на филмовите, во книгите… Којзнае дали ја живеeме таа приказна. Дали ќе се совпадне со оној кој first pops the question или да го чекаш следниот? А човек ниту се бира, ниту му се погодува сè на место. Во Библијата пишува дека Бог го бира човека по срцето и по внатрешноста, на едно место вели, по бубрезите. Така го избрал кралот Давид. Народот се побунил и барал да има крал. Па им го ставиле Саул, ама тој станал зол и се преобратил. Потоа бил избран Давид, по битката со Голијат. Од сите негови многубројни синови, за свој наследник тој го избрал Соломон на кој му дал голема и возвишена задача – да го изгради Божјиот храм во Ерусалим. Овој тоа го сторил и го заслужил најголемиот дар – мудроста. Арно ама, многу ги сакал жените. Имал седумстотини жени и три стотини соложници, правел што не било право и го загубил срцето. Не го злоупотребувај зборот што значи толку многу работи во едно и знаеш дека постои. Олицетворение наоѓа во многу ликови и нешта. Се наоѓа во совршенството на секое едно зрнце песок, во секој лист, тревка… Останува запишано во секоја клетка, секој атом од живото битие.

Едно од најубавите работи во животот е да признаеш колку љубиш. Затоа толку ги сакаме луѓето кои се на ти со Неа, кои не се плашат да и’ погледнат в очи.

 

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Десет романи што станале филмови (втор дел)
Со вториот дел од рубриката „Меѓу хартијата и платното“ ги пренесуваме другите...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *