Данче Ристова
Тогаш кога ќе го завртам грбот и заминам иако не го сакам тоа… исполни ми ја барем оваа последна желба. Излези низ твојата задна врата помини низ дворот на соседоти оди до улицата П.П. сети се на спомените поминати таму. Петок.. облечи се во бело направи ја косата и да имаш брада. Излези од дома во 19:30. излези од градот и вози до моето село. Помини низ мојата улица и застани погледни ја и сети се кога јас доаѓав од неа. Почекај можеби пак ке дојдам. Иако знаеш дека нема. Во тој момент не се растажувај, насмевни се иако душата ти плаче. Оди на сите места во околината, каде што сме биле. Сети се на сите наши убави спомени. Помисли дека едне ден пак ќе ги доживееме и на сите места ке сме заедно… последно оди на восчето каде што првпат ме бакна. Застани на ширината и чекај го возот. Камо јас да можев да дојдам со тој воз. Оди со некој во Париз и испиј неколку пива, напиј се и кафе со сладолет. Прегрни го и не плачи само сети се дека тоа го мина со мене. Врати се дома паркирај ја колата на ул. П.П. и погледни на совозачкото седиште. Ќе ме видиш мене таму ќе седам секогаш. Излези од колата и оди дома. Кога ке влезеш заклучи ја вратата и отвори ја задната врата. Таму нема да чекам јас да ми отвориш врата, ќе биде празно. Затвори ја исто како да сум дошла. Направи кафе исто како јас да го направив. Гледај филм и легни на креветот. Разгледај ја собата таму има милјон наши убави спомени. Погледни ја и кујната јас сум таму спремам да јадеш тоа што сме го планирале. Например јајца со виршла во форма на срце. Напиј се вотка од малина и опиј се… во неа лежат нашите луди спомени. Исплачи ја душата пушти ја да се ослободи. Стани во 04:30 и однеси ме дома. Овојпат нема да ме слушнеш да кажам “ моли се да не ме видат, јас ке ти се јавам “ нема да ти се јавам и да ти дадам бакнеж затоа што не ме виделе. Кога јас ќе се вратам ќе ги посетам сите наши места и ќе се сетам на сите наши спомени. Ќе одам и на П.П. ќе поминам низ сокакот но нема да ја отворам црната порта и да дојдам до твојата врата. Ќе го поминам сокакот и ќе поминам низ твојата улица. Малку е и целата хартија на овој свет да се напишат нашите поминати моменти и да се опишат чувствата. Ти секогаш ќе имаш посебно место во мојот живот. И ќе бидеш моја вечна тајна. Дел од мојот најубав период од живот. ТЕ САКАМ
Мила Велјановска
Движејќи се кон четирикатницата, забележав дека мојот балкон беше во црвена боја. Значи таа боја ми се паднала мене, помислив. Се повеќе ми се допаѓаше шаренилото на ова скромно живеалиште. Фактот дека сите станари припаѓаа на некоја боја, ме потсетуваше на сложувалка каде секој си го знае своето место. А сложувалките се фина работа, бидејќи даваат чувство на припадност. Долго време се издвојував од таквите нешта, и не сакав да бидам дел од никој и ништо што во себе не го содржеше Џереми. Како намерно да сакав да се повредувам, постојано ги оживував спомените наместо да да ги оставам да бидат само спомени. Не постоеше ветар со доволно силен интензитет за да може да ги оддува. А сега кога ја гледав мојата црвена боја на четвртиот кат и жолтата, зелената, виолетовата, сината и портокаловата околу неа, се почувствував како да припаѓам некаде. Немав разменето повеќе од едно обично секојдневно поздравување со станарите. Со повеќето не се ни познавав. Сепак, се чувствував прифатено.
-Интересна фасада. –Рече тој, кимајќи со главата како да потврдуваше нешто.
-Нели? –Се насмевнав и покажав со прстот нагоре. –Црвениот балкон е мојот.
Ја отворив влезната врата и му дозволив на Теодор да влезе пред мене. Таа беше сива, старомодна и чкрипеше кога се затвараше. Тоа го научив за една недела. Се качувавме по скалите кога се отвори една врата на вториот кат и од неа излезе едно момче, облечен во нешто црвено. Не го задржав погледот на него, само автоматски изговорив едно “здраво”. Тој ме поздрави назад.
-Прилично добро. –Рече Теодор кога влеговме внатре во станот. Две-три минути разгледуваше наоколу без да каже збор, додека јас ги одврзував врвките од високите црни чизми на моите нозе.
-Прилично едноставно. Но зарем ми треба повеќе? –Реков и го соблеков капутот од себе, оставајќи го да падне на подот каде што стоев.
Имавме време, но ни се брзаше на двајцата. Ги пуштив виолетовите завеси кои го затворија погледот и сега театарската претстава беше нешто скриено, нешто наше. Се бакнавме неколку пати, предизвикани од нашите речиси совршени црти на лицето и телото. Кога тој навлезе во мене, помислив на начинот на кој се намрштуваше секогаш кога луѓето му кажуваа да “олади” со неговата опседнатост со владата. Помислив на татко му, и на тоа што тој го правеше во овој конкретен момент. Низ приклештувањето на моите раце за креветот, неговото грубо навлегување во мојот полов орган и дивјачкото гризење на моите зацрвенети усни, ја почувствував одвратноста во мислата која ми го пресече патот – тој беше доминантен и супериорен, тој носеше во себе дел од гените кои ги презираше.
А потоа запаливме по една цигара и јас ја вовлеков толку длабоко што речиси можев да почувствувам како белите дробови ми се исполнуваат со отров. Теодор почна да ми ги раскажува впечатоците од денешното предавање, а јас делумно го слушав, делумно не, затоа што бев отсутна како и секогаш, сакам да кажам, бев присутна и со душата и со телото, но мислев дека сум огномет, моето внимание се појавуваше и исчезнуваше за секунда.
-Знаеш што ти недостасува тука? –Рече тој и ги покри голите раменици со ќебето, криејќи ја својата наежена кожа од студот.
-Што?
-Фотографии. Од тебе и твоите пријатели, разни случки од животот. Знаеш. Спомени.
И таа тема беше неизбежна, сфатив дека не можам да бегам од коренот на социјалните верувања, дека човекот не може да опстане сам, и навистина не може, тешко е и потребна ми е близина толку очајно што би го скратила сопствениот животен век за да ја добијам, но компатибилноста е сложена честичка, а кога еднаш си ја пронашол па загубил, душата не сака да се покаже пред било кој. Јас знам дека би била посреќна доколку се фокусирам на варијациите наместо варијаблата. Но тоа, сега за сега, е неизводливо за мене.
Фотографиите се спомени. Спомените можат да разбудат палета емоции. Моите спомени беа несомнено илјадници, но тие сите имаа една заедничка точка, го држеа Џереми Бегвел токму на врвот од нивната хиерархија. Џереми Бегвел и се што носеше со себе беа изгубени од видикот на моите очи и моето срце, и не ми требаше два пати да размислам за да знам дека фотографиите само би ме повредувале. Да бев помирена со минатото, тие ќе беа прекрасно сеќавање. Но не бев. Секојдневно се прашував, зошто Џереми никогаш повеќе не ми прозборе?
-Во право си. –Се согласив, бидејќи немав што друго да кажам. Сакав луѓето да веруваат дека отсекогаш сум била интроверт, асоцијална и недружељубива, мирна и повлечена. Така се заштитував.