Создавањето предмети од глина е една од најстарите активности на човекот. Уште на почетокот, човекот забележал дека може да ја обликува глината. Првин изработувал едноставни форми, на кои се забележуваат и детали како што се отпечатоци од прсти и од школки на самиот предмет. Подоцна почнал да ги пече предметите во оган, со што тие стануваат поцврсти и поотпорни. Грнчарството се поврзува со старите семитски народи – Келтите. Исто така, археолошките истражувања посочуваат на гробниците во стариот Египет, каде што се пронајдени некои керамички примероци. Во стара Грција се изработувале вазни со познатите црно-црвени мотиви,но историски гледано, Маварите во Шпанија го достигнуваат врвот на полето на керамиката. Во средниот век, керамиката најмногу се развивала во Италија.
Всушност, грнчарството е еден доста креативен занает, кој ве примамува со својата убавина и со своите тајни. Неговата главна состојка е глината, која е сокриена длабоко во пазувите на земјата. За да се изработи еден предмет, најпрвин мора да се открие местото на тајната состојка. Целата таа потрага по оваа тајна состојка го измачува човека. Тој копа по најдлабоките длабочини во тајните на земјата. Тој ги зарива своите нокти во нејзиниот стомак. И, на крајот, кога ќе заврши цела таа одисеја – тајната делумно ќе биде откриена, а тој под ноктите сè уште ќе носи дел од таа борба. Мајката Земја му дозволува да се протне во нејзината прегратка, да се наведне врз нејзината душа. Таа без плач му дава дел од себе, но секогаш кога човекот ќе помисли дека ѝ ги открил сите тајни, таа му се измолкнува.
Токму тоа го прави овој занает да биде ставен на еден пиедестал:целата таа макотрпна потрага по скриената состојка, вештината на преработка и на изработка на глината и – на крајот – креативностана мајсторот, па ние, ѕиркачите, не можеме да останеме рамнодушни кога стоиме пред еден ваков предмет. Глинените предмети пленат со својата убавина, со својата мистичност. Па,некои дури и ќе кажат: и храната во глинени садови е послатка. Тоа е вкусот на тајната, тоа е подарок од мајката Земја.
Затоа, ние се впуштивме во една потрага низ Старата скопска чаршија;најпрвин се разочаравме бидејќи немаше мајстор за овој занает, но на крајот ја пронајдовме нашата „тајна состојка“ за оваа приказна. Надвор пред дуќанот беа изложени разни видови садови од глина. Како и повеќето обиди така помисливме и за овој – водуќанот само се препродаваат предметите. Меѓутоа, продавачот Ирфан во дуќанчето „Ориентал арт“ беше љубезен и почна да ни раскажува за селото на грнчарството. Оттука започнува приказната…
„Македонското село Вранештица (Кичевско) се смета за село на грнчарството“, ни раскажуваше Ирфан. „Таму живее грнчарството, нема човек во селотошто не го знае занаетот“, продолжуваше Ирфан. „Селото Вранештица е поддржано од Европската Унија. Токму од ова село во Старата скопска чаршија доаѓаше мајстор Стојан, кој е извонреден грнчар. Мајстор Стојан го посетуваше овој дуќан, кој е сместен во Чаршијата, еднаш годишно. Тука се изложуваа и се продаваа неговите дела, предметите од глина“.
Со насмевка и со љубезност ни го раскажаа и ни го објаснија целиот процес на изработка. Ни дозволија бар за миг да ѕирнеме во тајните на овој стар занает нареченгрнчарство. „За предметот што го изработувате, оној што веќе сте го виделе во својата имагинација, потребно е да ја пронајдете правилната глина“, објаснуваше мајсторот. Таа правилна глина најлесно може да се пронајде токму во селото Вранештица. Откако ќе се ископа глината од земјата со помош на копач или на некојаслична алатка, таа се промешува со вода. „Треба да знаете колкаво количество вода да ставите, ни премалку, ни премногу, туку доволно“, коментираше мајсторот. Кога глината ќе се промеша со вода, таа добива тестеста маса и дури тогаш следува процесот на обликување на посакуваната форма. Глината се става на грнчарско тркало и со голема умешност мајсторот почнува да создава со своите раце. Додека тркалото се врти, во рацете се чувствува раѓањето на предметот. Секој го обликува според својата визија, секој мајстор му вдахнува живот на мртвиот предмет. Овој процес е пресуден кога станува збор за овој занает бидејќи е тој главниот момент при создавањето на предметите. За посакуваниот предмет да излезе онака како што сте го замислиле, потребна е голема вештина и осет, како што раскажуваше мајсторот. Истовремено мора да бидете упорни, груби,но и нежни кон глината што ви поминува низ рацете. Овој занает, освен што подразбира умешност и вештина, ја поддржува и филозофијата за чистиот ум. Умот и душата мора да бидат чисти и сконцентрирани само на создавањето, со најмалото отргнување на вниманието предметот што е во процес на создавање ќе биде уништен.
Овој занает не само што е од оние најстарите занаети со кои се служел човекот туку во себе ги содржи природните мириси, бои, процеси.
На крајот, кога предметот ќе биде оформен, тој се става во оган и така преминува во еден друг процес наречен печење. Кога ќе се излади предметот, тогаш мајсторот со помош на природни бои го исцртува, го декорира. Па, повторно има еден пократок процес на сушење на бојата нанесена врз предметот.
Главно, сите предмети што се изработуваат најпрвин се во функција на човекот, па подоцна се започнува со изработка на предмети што го носат поимот украс. Меѓутоа, како што можеме да видиме, и обичните предмети (се мисли на: бардачиња за вода, тавчиња, чаши и сл.) денес егзистираат како украси во нашите домови. Другата предност на овие предмети од глина е тоа што слободно може да се изложат на оган без да се уништат, бардачињата биле создавани за водата да ја одржуваат ладна и сл.
Овој занает е речиси во изумирање, низ пределите на оваа наша Македонија можат да се најдат уште неколку мајстори, но во Старата скопска чаршија само нивните дела.
Warning: Trying to access array offset on value of type bool in /home/echqdumm/public_html/reper.net.mk/wp-content/themes/simplemag/inc/social-share.php on line 60
Pinterest