Кога го вртеше јадрото иловица-глина-ума
Глобус сонуваше зарем вртиш од белите зори
Во митски во вселенски јазол, во темна на времето шума?
Тој ли те одведе таму во сомнежот урок кај гори?
Од јатка-збор до прелага, од радост до замолк штрб
Од глинена песна до дно на осама густа
Од трибун нежен до куршумот братски в грб
Од метафората до вчудено око на гибелта пуста
Таа ли куќа те збра, брату на цел свет што си
Гневу мој добар, добрино моја клета
Тој ли свет братски е муграта бела и света
Што лирската ровја неволнику твоја ја носи
Кај гревот е гостин, а кобта – гозба и пир?
Глеј светото цел на јазик нов пак стихот ти пие
К’о вино за причесна – рубин на опојна надеж
Но кажи: чаркот кому ќе му го дадеш
И дали обзори сонот, дал’ зацели твојата рана
На овој ветровит Балкан овој на луњите вир?
На сеќавањето – брана.
На коски ти – мир…