Таму каде куќата исчезнала во зграда, мостот се престорил во друг мост, од улицата се искорнати дрвјата со мириси, шушкања и паднати лисја – меморијата ќе биде главен сведок.
Отпрвин црвени, па жолти, па темнокафени, па посветли кафени се менуваа на небото боја по боја, дел по дел, па избледуваа. Небаре земјата штотуку се создаваше, започна една игра на сенки.
Само понекогаш, темнината ја раскинуваа со детски партали натопени во керозин и со овие факели се гледаа страшните големи краби со штипалки насобрани на морскиот брег.
Александар Прокопиев не забавува со својата проза. Предизвикувајќи го создавањето, тој одново ја осознава приказната. Поседува свое плетиво, остварува свој прозен вез