Расказ
Црвено и зелено
од Александар СтаматовСе чекавме пред излезот од метро станицата. Кога дојдоа сите, тргнавме долж главната улица и после стотина метри свртевме во мала уличка. Потоа свртевме во друга уличка и веднаш се виде натписот ”Пицата на Сем”. Под него имаше влезна врата, до неа имаше голем цилиндричен пепелник, а до него стоеше Сем и пушеше.
Крвав наслов / Сакам тостер / Орхидеја во карантин
од Владимир Лукаш„Здраво“, ми вели пивото, „Ќе ме испиеш?“ „Да.“ „Но јас сакам да си играме“, ми вели. „Сеедно“, му одговарам и го испивам на екс. Вадам ново пиво. Истата приказна. Доаѓа точката и ме прашува дали може и таа да добие едно. Секако. Доаѓа завесата: истото прашање. Да. Доаѓа листот хартија: сака ракија. Нема проблем.
