Број 122-123
Записи од корона-окупацијата
од Александар ПрокопиевМало ѓезве, таман за едно кафе, имаше обичај да каже дедо ми Санде, кога наутро, од крајот на мај па до почетокот на октомври, со послужавник ќе ги донесеше на терасата филџанот и ѓезвенцето со штотуку зовриеното кафе. Филџанот беше од оние старинските, порцелански со извиена, грацилна дршка и со насликан мотив на рози и ист таков на тацната.
Кон „Врба“ на Милчо Манчевски
од Елена ЃорѓиовскаОбидите да се прогони злото и неротката да роди се гледаат во верувањето да се прават одредени магиски обредни ритуали. Интересен е фактот на испреплетување на паганските обичаи со христијанското верување. Во еден момент Донка се моли пред иконата од Богородица, а веќе во друга сцена таа и Милан врзуваат конци и го гребат каменот во чии магиски моќи се верувало, а и сè уште има луѓе кои веруваат.
Од орнаментализам до супрематизам: апстрахирање
од Сотир РистоУмот и уметникот првично произволно се изразуваат со слики и фигури, но потоа, кога се обидуваат да ја подражавaат/имитираат стварноста и нејзиното разнолико богатство, имаат потреба да најдат правила во целата таа разноликост и хаотичност и наместо просто подражавање се обидуваат да ни прикаже промислена стварност или да најдат ред во стварноста и природата.