Една конкретна зачуденост произлегуваше од секојдневното набљудување на децата: тие како да беа плен на некое необјасниво генетско уназадување, поради кое, наместо да го подобруваат човештвото, како убедливо да спроведуваа негов мистериозен регрес.
Има нешто во естетиката што успева ја допре модерната свест. Постои доза на страв. Има умување. Има убавина. Тоа е нешто што отсекогаш ме загрижуваше за злото, кога не е на отворено, кога толку многу збунува
Подредувањето на куферот функционира како подредување на животот. Се разработува постојаната потреба на човекот да го (о)држи во ред животот, да го контролира, да го задржи во однапред зададени граници бидејќи изненадувањето е помало со предвидувањето.
Она што мене ми е особено интересно за овие приказни е дека на прв поглед навистина би можеле да се сметаат за хумористични, бесмислени вртења (или вињети) – но, честопати има нешто кобно, нешто „чеховско“, што постои под површината.