број 50
Речник на имагинарните места
од РЕПЕР„Речник на имагинарните места“ е книга која излезе во Торонто, во 1980 година. Замислена е како географски речник, со поими наредени по азбучен ред, опремена со карти и гравури кои можат да се видат во старите енциклопедии. Оваа книга, објавена во Канада, која е плод на соработката меѓу еден Аргентинец и еден Италијанец, ги содржи сите предуслови достојно да ни претстави една непостоечка географија.