Нашето волшебно секојдневие

Фотографиите на Плавевски ни даваат увид во секојдневниот живот и ја прикажуваат нашата реалност, без притоа да ја одземат нејзината волшебност.

Ѕвонко Плавевски (Скопје 1983 г.), со црно-бела фотографија се запознава уште од најмалада возраст. Првото професионално фотографско искуство го започнува во весникот „Македонија Денес“ и неделникот „Денес“ на 20-годишна возраст.

Кариерата ја продолжува во „Македонски Спорт“ и весникот „Вечер“ каде што моментално работи.

Соработува со SIPA Press и ЕPA фотографски агенции.

Добитник е на наградата „Најдобра илустрација“ од Здружение на фоторепортери 2004 година и учество на повеќе групни изложби.

Напишано од
More from РЕПЕР
Бели робје, жолти класје, паднати лисје
Паднатите лисје шушкаа под нозете.
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *