Радовишки специјалитети

Радовиш, како град со мултикултурно живеење, има голем потенцијал да привлече внимание со својата традиционална кујна.

sazdrma

Радовиш, како град со мултикултурно живеење, има голем потенцијал да привлече внимание со својата традиционална кујна. Мирисот на лебот, баклавите и сомуните испечени во фурна на жар, специфичната афионова сол, маџуните и ашурето се само дел од „марифетите“ што ја прават посебна радовишката кујна. Иако, генерално, традицијата е распостранета секаде во Македонија, постојат неколку оригинални рецепти што може да се сретнат само во Радовиш. Поради тоа, од овој број на „Репер“, ќе ви претставиме неколку радовишки кулинарски тајни.

Саздрма

Потребни состојки:

– 10 кг телешко или јагнешко месо без коска;

– 2 кг телешки или јагнешки лој;

– 2 л вода;

– ловоров лист;

– масло;

– црвен пипер;

– сол;

– црн бибер.

Подготовка:

Сите состојки се динстаат заедно подолго време. Откако месото ќе се свари, се додава сол и мелен црн бибер, а пред да се тргне од оган, се става црвен пипер. Смесата се истура во тепсија и се остава да се здрви. Се чува на ладно место. Може да стои и да се употребува повеќе денови – дури и над десет дена.

Ова е традицоналниот рецепт, а денес се прават и мешани самуни со саздрма и со малку сирење или со едно-две јајца врз смесата, кои се печат во фурна на жар.

Напишано од
More from РЕПЕР
Големата буква кај обраќањето од почит
Со голема почетна буква може да се пишуваат одделни заменки при директно...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *