Од гола вода кајмак не се собира

Независно која тема е предмет на интерес, афоризмите на Лешниковски не содржат злоба. Тие треба да се сфатат како опомена, остра, но добронамерна.

Masha

Вистината е во виното. Кафеаните се најреалните центри за испитување на јавното мислење!

Ако ви падне секирата во мед, ќе имате пријатели здодевни како муви.

Кога стапот има главен збор, молчењето е тактика!

Тапкаме в место, но патиштата ни се разминуваат.

Од гола вода кајмак не се собира!

Кога не можеш да врзеш крај со крај, почни од почеток.

Не срамете се од овчарскиот стап, туку од питачкиот.

Не вреди чукањето во гради кога срцето е во петици.

Не се плашам од пишаното, туку од препишаното!

Ако сакаш гласот далеку да ти се слуша – ти треба микрофон.

families-_3_03-e1335039319287

Далтонист: сè гледа розово.

Во џунглата на асфалтот најдобро се снаоѓаат безрбетниците.

Од силни партиски огнови, ослепевме!

После толку мајмунлаци, не е чудо што ќе почнат да нè сметаат за банана држава!

Внимавајте колку молчите! Може погрешно да ве цитираат!

Повеќе не може кој што сака да прави. Имаме организиран криминал.

Животот е убав пекол, како ли е во рајот?

Нормално ли е кога демократијата зрее да цути криминалот?

Од забранетото овошје се прават најслатки компоти.

Времето носи сè – некому ронки, некому полна капа.

 

Димитри Лешниковски (1946, Куманово) живее и твори во Скопје. Афоризми објавувал во „Студентски збор“, во „Остен“, во југословенското списание „Јеж“… Изборот што го прочитавте е направен од неговата прва книга „Деланки“, објавена 2003 година.

Илустрации: Маша Краснова-Шабаева

Напишано од
More from РЕПЕР
Новиот ветер – новото раѓање на зборот
Песни од млади македонски поети родени во 90-тите и на почетокот на...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *