Александар Пешевски – Салеман

Не можам да се наречам автор... Тоа што се случува преку мене во моментот на создавање е форма на медитација. Акустичен звук... Гитара... Тивки мелодии... Хаос во мир... Звук на искрена емоција...

01

Акустичен звук… Гитара… Тивки мелодии… Хаос во мир… Звук на искрена емоција… Патување во обратен правец… Филм… Music for acoustic movie… Потрага во себе… Емотивно празнење… Полнење… Тransmission… Приказни без ликови… Соединување…

https://www.facebook.com/aleksandar.peshevski

Не можам да се наречам автор… Тоа што се случува преку мене во моментот на создавање е форма на медитација. Нема момент на „чекај сега тука што“ или „аха, ова е ок, дај тука сега рефрен“… Без никаква тенденција за создавање „хитови“. Чисто и искрено. Емотивно. Разголено. Неконтролирана форма. Долги години бев затворен за да споделам што било музички. Благодарение на поддршката од блиските пријатели, некако сфатив дека создавањето и несподелувањето на истото е една голема себичност. Јас си го правам за себе, за сам да си го слушам или уживам во истото… Нема така никакво уживање. Има само предозираност од себе, насобрана енергија која се набира и ја притиска креативноста. Некаде мора да „пукне“. Пукна во 2008-та. Како преднастапувач на Две локални акустични гитари. Салеман се појави како име кое едноставно требаше да го има за на плакатот за настанот. Половина час авторска музика. Момент на предавање на затвореното. Моментот на вистина. Голема е разликата да се свири некоја преработка, тоа е исто како прераскажување на нечија приказна од трето лице. Доживувањето на тие емоции е неспoредливо со споделувањето на емоциите од прва рака кога се итерпретира нешто лично, создадено од самото постоење. Тоа беше почетокот. Потоа следуваше настап на Фрик Фестивалот. Убав момент. Публика која беше дојдена да слуша. Целата атмосфера и концентрација насочена кон акустиката. Фин и пријатен звучен разговор. Нема поубаво чувство од тоа.

Нареден настап на Скопје прави музика, па Скопско лето, Бела ноќ, Бош Фест, Менада и тн. Соработка со поетите на неколку случувања. Пратење на зборовите на секој автор и пренесување на амбиентот музички, соединување со текстовите. Прекрасно искуство.

https://soundcloud.com/aleksandar-pesevski/sets/saleman

str

Понатаму целата енергија наметна потреба од различно интерпретирање на музиката. Некои мелодии лесно се адаптираа врз текст. Така во соработка со Дора Бојановска се создаде StringField. Промоцијата на дуото се случи во Кафе Ли. Поголема е енергијата кога создавањето и соединувањето заокружува повеќе личности со иста цел. Крајно разбирање преку јазикот на музиката. Навистина е тешко да се најде таа комуникација. Има многу квалитетни музичари, но тоа што може да ги поврзе е креативната енергија која се создава од секого во едно. Наредно околу Stringfield е комплетирање на материјалот. Модификации за поквалитетен звук кој финално би се снимил во студио.

https://soundcloud.com/aleksandar-pesevski/sets/stringfield

Напоредно со сето ова е подготвување на акустичен кавер бенд кој го носи името Undercovers:

Александар Пешевски – Гитара, усна армоника,

Александар Панајотов – вокал, кларинет,

Александра Петковска – чело.

https://soundcloud.com/aleksandar-pesevski/sets/undercovers

Се гледаме!

Напишано од
More from РЕПЕР
Дефинирање на краткиот расказ
ИЗвадок од магистерскиот труд „Интертекстуална иронија во модерниот и постмодерниот расказ“
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *