Проектот Quiet Hiroshima

Quiet Hiroshima е проект што датира од 2013 година и е соработка помеѓу композиторот и продуцент Гаврило Миловановиќ и дипломираниот соло-пејач Симона Петровска.

qhiro

Quiet Hiroshima е проект што датира од 2013 година и е соработка помеѓу композиторот и продуцент Гаврило Миловановиќ и дипломираниот соло-пејач Симона Петровска. Проектот вклучува повеќемина академски музичари, преку снимање и настапи, како и преку мултимедијална соработка со визуелни уметници. Во рамки на проектот, објавен е синглот Fragments of Innocence, кој претставува B-side на EP-албум, кој ќе излезе во текот на оваа година. Визуелните решенија за албумот ги подготвуваат: Силвија Горак – академски ликовен уметник и дипломиран соло- пејач од Полска, воедно и автор на најголемиот сончев часовник во светот, кој се наоѓа во Дизелдорф, Биба Каевиќ – наш најпознат уметник, кој има изложувано во Њујорк и е куратор на проектот Time Collectors, и Лилјана Петровска – млад и одличен уметник од нашата ликовна академија. Музиката на Quiet Hiroshima се движи по светските стандарди на модерниот звук, со вистински хармонски внимателен пристап, класична естетика и филмска атмосфера, но во неа не е заборавен македонскиот фолклор, кој суптилно е вметнат. Неколку странски интернетски портали за музика веќе ја забележаа и ја објавија композицијата Fragments of Innocence и ја оценија со високи оценки.

Официјална ФБ-страница на Quiet Hiroshima

Во оваа пригода редакцијата на Репер ви ја претставува оваа композиција.

 

[vsw id=”4ZIyprO9Xo4″ source=”youtube” width=”600″ height=”350″ autoplay=”no”]

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Ролан Барт – Смртта на авторот
Тоа што Барт, поедноставно кажано, сака да го каже, е дека треба...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *