Алхемија на 21 век


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/echqdumm/public_html/reper.net.mk/wp-content/themes/simplemag/formats/format-standard.php on line 28
Крстевки како да го води мисла на Влада Урошевиќ од неговата најнова книга Седмата страна на коцката: Поезијата е откривање на скриените врски помеѓу нештата кои, низ така откриени врски, ја покажуваат својата суштина, но и суштината на светот.

109.Alhemija na 21 vek

Идејата на Јулија Кристева со која се истакнува дека авторите не ги создаваат своите текстови од нивните сопствени оригинални умови, туку радо ги компилираат од претходно постоечките текстови е силно манифестна во стиховите на Душко Крстевски особено во неговата страст да (пре)создава нови/свои митови како оној за пресоздадената Ева (мајка-жена-сопруга). Всушност и Кристева, како и Бахтин, инсистира на фактот дека текстовите не можат да бидат издвоени од пошироката културна и социјална текстуалност од која се конструирани и притоа тие постојано прават едно таканаречено назад-напред движење кое произлегува од континуираното семантичко триење меѓу текстовите. Едно такво семантичко триење меѓу текстовите препознаваме и во стиховите на Душко Крстевски токму преку митските модели. Тие се примаат како една поетска операција со која современоста не само што не се запоставува, туку напротив истата се разоткрива преку читателовото нурнување во нејзината длабинска структура.

Неговата поетска свест оперира со митотворни искуства. Како што Ками од митот за Сизиф ја создаде модерната теорија на апсурдот или Пикасо од афричките маски дојде до една своја димензија во кубизмот, така и од Крстевски се очекува да понуди една своја митопоетика која израснува од убиените митови, која се калеми врз усните на убиеното Сонце, на онаа зора на создавање лузни (од песната Убиени митови). Познатата тријада вера-надеж-љубов ја пресоздава во свои/лични тријади на: песок-море-школка или плач-душа-(огнено) срце. Главната синтагма која станува негова слика-оска е онаа на поетите како алхемичари на службен пат до вечноста. Она што така силно го мачи е желбата да ја открие бојата на црното (од истоимената песна), да ù даде боја на ноќта (како во песната Flashback Nocturno).

Крстевки како да го води мисла на Влада Урошевиќ од неговата најнова книга Седмата страна на коцката: Поезијата е откривање на скриените врски помеѓу нештата кои, низ така откриени врски, ја покажуваат својата суштина, но и суштината на светот. Поетот ја дешифрира суштината на нештата, но, за да ја изрази, мора одново, на инаков начин, да ја зашифрира. Па затоа си/ни го поставува прашањето дали има посебен ден за пишување поезија или посебен дел од денот, точно определен миг од денот кога се пишува поезија? А кога ќе почувствува заситеност од самите стихови се нурнува во песните во проза и притоа изнесува неочекуван поглед врз некој факт како кога се обидува да пишува без метафори … по водењето љубов (од истоимената песна) или прикажува само една необична слика во која згусната енергија поентира со парадокс: Можеби останатите твои љубовници те разбираат дека си премногу обична за да бидеш сама, но премногу зафатена со анализирање на светот, за да бидеш со мене (од Таа). Другпат, згусната енергија ја кондензира во хаику форма и на тој начин создава мини-мит како во Opus Dei: Пресоздавање / Од рацете на Бога / Нов Адам без Рај.

Ова искуство што ни го нуди Душко Крстевски ја потврдува оригиналната идеја за создавање на литература од литература, или уште пошироко сфатена како создавање култура од култура што е пишување како континуитет, пишување како одговор, или повторно пишување.

1
Напишано од
More from РЕПЕР
Меѓу интимниот женски свет и деконструкцијата на општествената реалност
кон романот ГОДИШНИ ВРЕМИЊА од Јулијана Величковска
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *