Врисок од внатрешноста


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/echqdumm/public_html/reper.net.mk/wp-content/themes/simplemag/formats/format-standard.php on line 28
Чекорејќи по вжештената калдрма на Старата скопска чаршија, наидовме на едно дуќанче во кое царуваше разновидноста. Во неговата внатрешност мирно „спиеја“ разни предмети изработени од дрво, мермерни скулптури и сл.

SDC15172

Чекорејќи по вжештената калдрма на Старата скопска чаршија, наидовме на едно дуќанче во кое царуваше разновидноста. Надвор, пред дуќанот, беа изложени секакви видови шапки, а во неговата внатрешност мирно „спиеја“ разни предмети изработени од дрво, мермерни скулптури и сл.

Моментот беше речиси магичен. Надвор царуваше жештината, луѓето се брзаа да стигнат дома и конечно да се сокријат од пламените јазици на попладневното сонце, додека единствениот човек во овој дуќан занесно, со наведната глава, ја нарушуваше тишината што се беше всадила во целата просторија. Тој изработуваше некоја шапка, со помош на машина. Од неговата десна страна беше поставена работна маса – дрвена со извонредна резба. Врз неа беа наредени повеќе видови стари книжни пари, кои беа заштитени со едно парче стакло. Колекционер, помисливме. До оваа работна маса беше поставен еден дрвен стол што наликуваше на оние од музеите. Насекаде низ просторијата висеа разновидни шапки, качкети… Долу на подот можеа да се забележат разни калапи, помошни инструменти и сл. Тука беа и мермерните скулптури. Тие така „седеа“ на подот од дуќанот што наликуваа на наведнати суштества, во секаков облик, кон своите најдлабоки длабочини.

Целиот овој простор, целата просторија беше исполнета со некоја чудесна енергија.

Таа енергија ја зголемуваа мермерните склуптури. Тие беа толку тивки, а гласни. Како да зборуваа нешто. Нивниот висок тон сметаше, криците на лавовите, широко отворените усни на суштествата – викаа нешто. Во нив како да имаше некој револт, поради кој мораа да бидат толку бучни. Меѓутоа, во мигот кога ќе го свртите погледот од нив, тие замолчуваа. Стануваа потивки од тишината. Фацијалните изрази на овие суштества од мермер кај набљудувачот предизвикуваа едно чувство на возвишеност. Токму тоа побудено чувство кај реципиентот прави овие „предмети“ да станат дел од уметничкиот свет.

Во 1757 година (18 век) се јавува Е. Берк, кој ги удира темелите на спротивставувањето на возвишеното, односно на спротивставувањето на убавото и на возвишеното. Во своето дело „Филозофското истражување на нашите идеи за возвишеното и за прекрасното” тој ги прикажува манифестациите на возвишеното во природата и се осврнува кон тоа како субјектот-реципиент го восприма сето тоа.. Берг ни кажува дека, кога човекот чувствува болка што не преоѓа во насилство и страв што не е самоуништувачки, тогаш човекот всушност се чувствува возвишено, тие чувства се пренасочуваат и се претопуваат во восхит или во ’delightful horror’ – восхитувачки страв. Тој вели дека тогаш се чувствуваме изненадени, но ние, како свесни човечки битија, можеме да се самоодржиме и да не се одадеме на болката и на опасноста. Како најзначајниот придонес на естетички план за возвишеното може да го претставиме она на Кант во неговата „Аналитика на возвишеното“. Тој ни прикажува дека со убавото е поврзан квалитетот, додека, пак, со возвишеното – квантитетот. За возвишеното тој вели дека ни носи „негативно задоволство“. Тоа има двојност во манифестирањето, кое е одредено како математички возвишено и како динамички возвишено. Во математички возвишеното Кант ги вбројува оние работи што ни се немерливи и неспоредливи, нешто што е апсолутно големо. Тука би спаѓале градбите што човекот ги гради како реликт на својата надмоќност, како што се пирамидите, катедралите итн. Во динамички возвишеното за него многу посуштествено е природата. Како што сметаше и Берк, Кант вели дека природата е способна со својата надмоќна сила да ни се прикаже како стравотност, но дека возвишеноста ни се пројавува кога ние се чувствуваме безбедни во однос на сето тоа. Интелектуалната супериорност на човекот над природата му овозможува да опстои пред нејзината возвишеност. Ова гледиште потоа се префрла во романтичарската чувственост.

[pullquote align=”left”]Естетската мисла за возвишеното главно се разликува меѓу два принципа, односно возвишеното се поистоветува со убавината, само што е тоа повисок степен од неа, кој се одликува со особена големина и моќ, а другата мисла е дека возвишеното и убавината се две различни нешта[/pullquote] Естетската мисла за возвишеното главно се разликува меѓу два принципа, односно возвишеното се поистоветува со убавината, само што е тоа повисок степен од неа, кој се одликува со особена големина и моќ, а другата мисла е дека возвишеното и убавината се две различни нешта, во едното преовладуваат болката и незадоволството, додека во другото убавото и задоволството. За возвишеното се вели дека, кога го воспримаме, добиваме негативна реакција и затоа Кант вели дека има „негативна претставливост”. Подоцна, во модернизмот и во постмодернизмот, уметниците на различни начини се обиделе да го претстават возвишеното, сè додека не се дојде до идејата дека всушност тие трагаат по еден начин да го претстават непретставливото: сознаено (убаво) – несознаено (возвишено).

Кога се решивме да ја напуштиме положбата на ѕиркачи – го замоливме мајстор Илија да ни го објасни процесот на изработка на едена скулптура од мермер. Тој без двоумење и со насмевка нè покани во своето мало царство и почна да ни објаснува. Основни материјали при изработката на една скулптура од мермер, од сувенирски систем, се: ризла, бел цемент и мермерна прашина. Кога тие ќе се обезбедат, се мешаат со мала количина вода, па таа смеса се става во калап и следува процесот на сушење. Накратко објаснето, тоа е процесот на изработка, но мајстор Илија беше толку дарежлив што сето тоа ни го образложи на малку поширок начин. Меѓу сите овие предмети, меѓу сите овие „живи“ предмети, одѕвонуваше гласот на мајсторот. Овој процес на изработка, како и другите занаети, подразбира една макотрпна работа, една долга подготовка на материјалите и доста голема креативност и умешност.

Пред да се стави смесата во калап мора да се подготви самиот калап.

„За секој предмет е потребен посебен калап, што може да се рече дека ја отежнува работата“, објаснуваше мајсторот. Калапите можат да бидат од гума, од бронза, од алуминиум и сл., во зависност од тежината и од замислениот предмет т.е. склуптура. „Ако е потежок предметот, калапот мора да биде од бронза“, искоментира мајстор Илија.

Калапот се изработува со тоа што се зема предмет од стварноста како модел и така се поставуваат „шемите“. Со помош на глина се оформува фигурата, па се остава да се исуши. Кога глината ќе биде доволно сува, се премачкува со акрилен лак и со паста за паркет (кој е во вид на свинска маст за полирање или во вид на сапун). Овој процес е неизбежен, неговата цел е да не се залепи смесата на калапот кога ќе се стави во него. Потоа се лие или се премачкува со силикон седум до осум пати. Па, се става пластична арматура или мрежа. Отпосле пак се повторува процесот на премачкување со силикон. Се остава да се суши на дневна светлина, бидејќи сонцето може да предизвика пукнатини. Кога тој процес ќе заврши, тогаш се оформува фигурата. Калапот е од голема улога во секој занает, а како што може да видиме, и во овој занает тоа не е испуштено.

SDC15176

Подготовката на калапот трае два до три дена. Ако се изработуваат големи скулптури какви што ние имаме насекаде во градот, тогаш се потребни повеќе калапи за една иста скулптура. Посебен за главата на коњот, посебен за раката и сл., па подоцна се прикачуваат едни на други и се добива финалната фигура. Фигури што целосно се лијат се камбаните, единствени големи предмети што се изработуваат со помош на еден калап.

Кога станува збор за боите, основа или главна состојка е земјата. Различните видови земја потпомагаат при добивањето на бојата. Во секој случај, боите настануваат по природен пат (право од цигла, земја црвеница, суви листови, свежи цветови и сл.).

Мајстор Илија овој занает го изучувал кај разни занетчии. Тој набљудувал, учел, им помагал на големите мајстори за денес и тој да стане дел од нив.

Неговите мермерни скулптури се гласни, кај набљудувачот предизвикуваат страв и исполнетост. Меѓутоа, токму тоа го прават и уметничките дела – чувство на возвишеност. Оваа негова нишка на гласност, манифестирана преку мермерните скулптури, е како една симболика на двојството. Додека погледот ви е залепен во овие скулптури, во вас навираат безброј прашања – тие ви ги поставуваат, но кога ќе го свртите на друга страна, тие се потивки и од тишината. Така и со човекот, кога погледите ќе се судрат, вие сте во една просторија, свет или дуќан, како сакате, прашања, размислувања – сé е толку гласно. Мислите „вриштат“ на целиот глас во вас, но во мигот кога ќе го прекинете тој судар, тие како да се стишуваат, како да заспиваат. Исто така склуптурите на мајстор Илија може да се рече дека преземаат некое влијание од експресионизмот. Во нив го има тој крик, тој вресок на ужас од виденото и од слушнатото.

Неговите скулптури како да ви го прикажуваат она што било видено и слушнато.

1
Напишано од
More from РЕПЕР
Оглед на културните хибриди во романот „Подвижни гробови“
Оглед на културните хибриди во романот Подвижни Гробови на Божин Павловски
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *