Еден германски професор по автократија го прашува својот ученик: „Вие, значи, мислите дека диктатурата во Германија повеќе не е возможна, нели?“
Ученикот: „Никако, затоа што сме премногу запознаени со сето тоа…“
„Бранови“ („Die Welle“) е германски филм посветен на тоа колку далеку може да отидат покорноста на луѓето и нивното верување во една идеологија и во една централна личност, особено кога станува збор за млади и наивни личности.
Приказната ги следи професорот Рајнер (Јурген Вогел) и неговите ученици што тој по првиот час решава да ги доведе до искушение така што автократијата ќе им ја донесе пред лице и ќе успее „намерно“ да ја вклопи меѓу нив.
Тој ја започнува „експерименталната диктатура“ врз нивните мозоци преку избирање иста идеологија, контрола, следење, поттикнато општествено незадоволство, избирање симбол, униформа, па дури и поздрав, сето она што некогаш го имал и Третиот Рајх. Но, учениците тоа не го гледаат како диктатура или како нешто поврзано со фашизмот, тоа за нив претставува „Бранот“. Или така барем професорот ги наведува да размислуваат.
Професорот вметнува неколку правила. Нему не може повеќе да му се обраќаат со името, туку со „господин Венгер“ (Herr Wenger), воведува униформа (бела кошула), додека учениците ги осмислуваат логото, името на групата и поздравот. Кога одговараат, учениците мора да станат и да бидат кратки и јасни.
На едно од своите предавања тој „ќе им нареди“ на своите студенти да чекорат во ист такт (да маршираат во место) со целата своја сила бидејќи под нив е групата што ја изучува анархијата.
Рајнер, кој е анархист по убедување, сега автократски се издигнува над групата што изучува анархија и заедно со својата група оди до самиот крај, кога експериментот веќе не е експеримент, туку нешто во што некои од учениците се пронаоѓаат.
[pullquote align=”right”]Оваа верзија на филмот е снимена во 2008 година и за само 10 недели била проследена од 2,3 милиони гледачи.[/pullquote]Филмот е базиран на вистинска случка и ја следи третата генерација од постоењето на Третиот Рајх. Оваа верзија на филмот е снимена во 2008 година и за само 10 недели била проследена од 2,3 милиони гледачи. Режисер на филмот е Денис Гансел, кој по овој филм изјавил дека веќе никогаш нема да снима филм со национално-социјалистичка тематика бидејќи, според него, со овој филм тој кажал сè што имал да каже.
Филмот „Бранови“ беше прикажан минатата недела во Заводот и во Музејот на град Битола („Пацио“), како и во Дебатното кино, каде што, покрај прикажувањето на филмот, имаше и дискусија за темата што ја опфаќа тој.
„Дали диктатурата сè уште постои и дали може вирозно да се прошири?“ – е прашањето што беше поставено на почетокот од овој проект. Одговорот беше: „Не“… Меѓутоа, беше потребна една недела за одговорот да се промени, а со тоа да се променат и судбините на оние што ја следат таа диктатура.
Колку далеку може да отидат човековото убедување и покорноста на нечија идеологија?!
Warning: Trying to access array offset on value of type bool in /home/echqdumm/public_html/reper.net.mk/wp-content/themes/simplemag/inc/social-share.php on line 60
Pinterest