Уметничката куќа на Казујо

Неговото решение е транспарентно, отворено, пространо, овозможува прошетка низ павилјонот збогатен со розови, црвени и жолти цветни мотиви.

Оваа уметничка куќа на јапонскиот архитект и уметник Казујо Сејима (Kazuyo Sejima) е дел од проектот инујима, проект посветен за уметноста во архитектурата.

а1

Овој јапонски уметник на изложбата се претстави со својата „а – куќа“, или art house (уметничка куќа). Неговото решение е транспарентно, отворено, пространо, овозможува прошетка низ павилјонот збогатен со розови, црвени и жолти цветни мотиви. Цветни детаљи и мотиви се всушност кожата на неговиот дизајн.

Куќата претставува на некој начин архетипска скулптура, која овозможува влез од едната страна и излез од другата. Самата можност да бидеш дел од внатрешноста на овој објект ти овозможува да го видиш и доживееш  актилниот живописен, цветниот релјеф кој претставува прстен, јадро на самата форма. Освен органскиот пристап при дизајнирањето на овој проект се употребени две сребрени столици кои би требало да служат за пауза и контемплација, одмор.

Оваа уметнилка куќа претставува извонреден спој на уметноста и архителтурата, дели со неговиот концепт и презентира еден сосема различен пристап во доживувањето на архитектонските решенија. Етеричноста на просторот е исполнета со деликатна цветна шема која претставува нејзина фасада, а полупросторот во целост останува проѕирен. Анатомијата на двата чисти ѕидови и отворениот таван визуелно хроматски ја градат можноста да ја видите целата панорама на околните предели.

а2

Целта на овој проект и учеството на „уметничката А – куќа“ во овој поголем проект е оваа куќа да се најде во селото на островот Inujima во Јапонија и да биде дел од новиот архитектонски план кој има за цел разубавување на локалниот простор. Овие изложбени павилјони се поставени помеѓу традиционалната архитектура на островот и имаат програма во која сепрезентира најчесто атипична архитектура и градби, но исто така просторот се користи за отварање на изложби и дела од познати автори.

а3

а4

Напишано од
More from РЕПЕР
Хитлер е на Месечината, каде што сади компири и рен
Интервју со Тимур Вермеш авторот на бестселерот „Види кој се врати“
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *