Патувачкиот ѕид од книги

Овој прекрасен проект на Анок Круитхоф е концептуална целина што во својата содржина има околу 4000 книги.

Овој прекрасен проект на Анок Круитхоф е концептуална целина што во својата содржина има околу 4000 книги.

ф1

Оваа книжна инсталација е надополнета со видеопроекција на која истовремено се прикажуваат други ѕидови направени од истите книги. За да го постигне ефектот на различност, на секое ново на оваа концептуална инсталација авторката користи најразлични варијации на книгите, па така ја добива посакуваната градација за секое ново поставување на ѕидот. Колоритно, структурно, нехомогено – поставените книги создаваат бариера, ѕид што генерира една посебна и уникатна атмосфера, која осцилира меѓу статичко спокојство и скриена динамика.

ф2

Анок Круитхоф е пред сè фотограф; таа ја надополни идејата за својата фотоизложба заедно со оваа инсталација. Фасцинантно е како таа се вклопи во целата содржина што се презентира на изложбата. Можеби станува збор за проект што е реализиран пред неколку години, но визијата, идејата и самиот пристап на реализација на ова уметничко дело, како и компактноста и мобилноста, сèуште го дефинираат како актуелно и како единствено.

Иако сè почесто стануваме следбеници на дигиталното царство и почнуваме сè поудобно да се чувствуваме во начинот на кој тоа нè еманципира и нè анимира, сèуште има многу издавачи, уметници, писателии љубители на книгата што се во постојано истражување на новите значења што книгата како форма и како структура може да ги понуди.

ф3

Анок Круитхоф е фотографка од Холандија, родена во 1981 година. За оваа инсталација првичната идеја ѝбила да ги искористи сите оние книги што немаат вредност. Со оватаа се обидува да потенцира еден факт што е пресуден за книжевноста, а тоа е дека сè почесто во издавачката индустрија се печатат книги што немаат никаква смисла, кои најчесто, по години поминати по подрумите на издавачките куќи, или завршуваат на улица или пак полошо– се враќаат во фабриките за рециклирање хартија, каде што исчезнуваат во заборавот.

Книгите се од почетокот на 20 век, а авторката за првата изложба подготви видеоматеријал од инсталацијата, спиритуален развој на ѕидот и една фотографија на која беше претставено сработеното. Таа ја менува функцијата на книгите: тие стануваат тули во нејзиниот концепт, додека линијата и колоритностаги одредуваат бојата, големината и дебелината на книгите.

ф4

Сите книги се поставени во форма на физичка инсталација , како и видеоматеријалот, кој е силен, моќен, но и нестабилен во исто време. Овој книжен ѕид се состои од најмалку 3500 книги, кои градат отворена слика што можеи би требало да се доживее со телото, со умот и со душата, несомнено најмногу затоа што во себе има суптилно интегрирано тивок поетски ентузијазам.

Ѕид што може да се доживее како збир аналогни пиксели. Анук сака да измислува нови работи надвор од фрагментите на минатото.

 

Напишано од
More from РЕПЕР
Оригами работилница
Ви пренесуваме дел од работилницата за оригами на Вера Велевска...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *