Со Nothingtoodoo, неговата прва самостојна изложба во галеријата „Марија Бун“, г. Кох ја презентира својата аскетска страна во целосното нејзино владеење, и тоа до вознемирувачки ефект.
Роден е во Пекинг во 1977 година, а израснал во Канада, а во неговата уметност практикува еден вид весел аскетизам, или еспапизам, како некој што меша пародија и духовност, уметник што се лизга на долгата линија на 20-от век како пуританец-провокатор, почнувајќи со дадаистите.
Тој е специјализиран во техниката бело-на-бело, најчесто употребувана во неговите инсталации и слики, кои вклучуваат бело чоколадо, шеќер во прав или неговата сперма. Неговите скулптури вклучуваат купчиња од неговиот измет опфатени со златни листови, а за едно негово проект-шоу во музејот „Витни“ тој едноставно поставува заслепувачка светлина на статив во инаку празната галерија, создавајќи уметничко дело што е болно, ако не и невозможно да се погледне.
Тој врши некој вид ритуал во кој покажува колку е скромно посветен на едно одредено нешто и колку е тоа тешко да се изведе, дури и ако на почетокот можеби сакате и ја имате волјата да го направите тоа; овој концептуален перформанс е тивко, вознемирувачко самоотповикување. Подразбира фер-износ на физички неудобности, на непријатни состојби, на соочување на сопствените „скромности“ со самиот себе, но и со јавноста, на чистото човечко страдање, на својот начин на визуализација и на тоа како е премногу тешко сето тоа да се погледне.
Перформансот се состои во тоа како г. Кох, облечен во бела pajamalike облека, полека кружи и создава убав конусен куп на карпеста кристална сол – 8 метри висока и 24 метри во пречник широка – и тоа на колена. Не се негови раце и колена, туку само со неговите колена. Загледан право напред, неговиот горен дел од телото е неподвижно, тој го препловува солното поле речиси без станување, нон-стоп во текот на јавните, отворени часови за публиката во галеријата – осум часа на ден, пет дена во неделата – цели четири недели. Понекогаш тој лежи ничкум на подот.
Невообичаено „строгата“ галерија и автономноста и големата концентрација на г. Кох дефинитивно креираат своја посебна, необична и уникатна атмосфера.
Дали мислите дека неактивните раце на ѓаволот го прават ова? Или сте повеќе на страната на пофалбата, на молбата и посветувањето… на безделничењето како она на авторот Бертранд Расел? Се обидува да опфати теми што се допирливи до нашите сетила, ежедневни, како: време, работа, колку време трошиме за нашата работа, што всушност ја дефинира нашата работа, и како сите овие „нешта“ се врзуваат и го дефинираат нашето чувство за постигнување цел во светот, ако не од проследувачкиот ефект за смислата за личниот идентитет во светот, туку наметнувањето на длабоката филозофија како тема за многу сериозна дискусија и многу, како што повеќето велат, „неактивно брборење“. Сепак, останува прашањето: Дали е ова неактивниот ум на ѓаволот или на Бога, или, сепак, се работи за креативноста, за инспиративната игра, за процесот и медитацијата што се постигнува, можеби?
Како ќе одговориме на ова прашање говори доста за нас и дава одговори за тоа како се чувствуваме доколку ништо не правиме, односно нашето правење се сведува на минимално ништо (?!)
Теренс Кох е уметник на многу начини, но најчесто препознатлив со менталниот стил или пристапот што е во крајност агресивен. Тој ја започна својата кариера со веб-сајт и Езин, asianpunkboy.com и брзо се наметна во уметничкиот свет со својата „бела униформа“ и тоа што постојано дејствува некаде надвор. Тој еднаш се опиша себеси како „Наоми Кембел на уметничкиот свет“.
Неговите дела се основани на длабоки идеи и концепти со скриени пораки, или доколку не сакате да го следите гласот на она што внатре во вас кажува дека се работи за големи дела, тогаш можете да заклучите дека се работи за просечни, основни постулати и елементи што секако би привлекле внимание, но не мора да се „гледаат“ како историски и вредни за историјата на уметноста.
Можеби можеме да кажеме дека и односот на публиката е речиси поделен, па така може да се слушнат коментари за тоа дека неговата уметност е крајниот зен на современата уметност, на перформативниот апсект и на едноставноста, симплифицираноста и минималистичноста на неговата идеја во целост.
Доколку убаво ги анализираме неговите дела, ќе се соочиме со една одвратност, со една нетолерантна, тврда комуникација, која тој ја поставува со своите дела, со самиот себе, со елементите и симболите што ги користи, но истовремено и со публиката што ги следи неговите чекори.
Оваа одлична пирамида од сол е одговор на неговиот ум и пристап во уметноста, коментар за целиот хаос што го гледаме секојдневно. Ова дело е инспирација што влече корени од неговото потекло, но е типичен егземплар на индустријализацијата на општеството, потребата за тонење во морските длабочини, во местата каде што соленото го надминува благото, за убаво на организмот и за балансирање на нашите (човечки) страсти.