Промовирана „Ге-дур“ од Јолевска-Попов

На 10 февруари, во киното „Фросина“ беше промовирана дебитантската збирка куси раскази „Ге-дур“ од Тамара Јолеска-Попов, објавена во едиција „ПроАза“ на издавачката куќа „Или Или“.

На 10 февруари, во киното „Фросина“ беше промовирана дебитантската збирка куси раскази „Ге-дур“ од Тамара Јолевска-Попов, објавена во едиција „ПроАза“ на издавачката куќа „Или Или“. Оваа мултимедијална промоција отстапуваше од стереотипите – спојот на музичките точки на „Бета Хаус“ и дел од расказите на оваа млада авторка беше дополнителна потврда за нејзиниот креативен дух. Ненаметливо, без помезност и без преголема драматичност, оваа промоција го означи почетокот на животот на една книга која заслужува внимание.

4

На промоцијата, рецензентот Тина Иванова рече:   На овој литературен првенец на Тамара Јолевска-Попов, нејзината книга кратки раскази, не можат да му се „залепат“ стереотипни осврти. Едноставно, зашто  нејзините приказни се надвор од вообичаеното, од веќе препознатливото. Сепак, треба да се потцрта, иако звучи шематски, дека Тамара е млада девојка која штотуку зачекорува во водите на литературата и со оваа нејзина прва книга несомнено ќе придонесе кон збогатување на онаа сфера наречена краток расказ, а која кај нас во последно време како да е подзаборавена. А, толку е неопходна. Не заради страшната брзина на времето кое го живееме, туку заради магијата, заради умешноста со која авторот може да си игра токму преку кратката раскажувачка форма, наметнувајќи го истото чувство и кај читателот.

       Расказите на Тамара сосема отскокнуваат од онаа наметната формална структура која треба да ја има краткиот расказ. Тие толку вешто играат со своите облици, со своите наративни контури, што наликуваат на една детска, навидум безгрижна игра која нуди добра забава, хумор, сатира. Но, кога ќе ѕирнете подлабоко, од широката насмевка ѕиркаат црни, скапани заби. Тамара жонглира со белото и црното, со светлата и темната страна на животот, со случките што секојдневно нѐ опкружуваат, напати фрлајќи им флуоресцентни бои кои го штрекнуваат читателот. Токму тоа и привлекува во ова четиво. Неочекуваните изненадувања.

          Во содржинска смисла, пак, расказите бегаат од локалното, зборуваат за универзални теми, звучат европски и без претерување, во нив  може да се почувствува онаа надреална атмосфера присутна во филмовите на Буњуел, или на Аронофски, а која е, се разбира, директно произлезена од баналната реалност.

Фото: Роберт Атанасовски

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Розовото клопче
Јулијана Величковска еродена 1982г. во Скопје. ДипломиралаМакедонска книжевност и јужнословенски книжевности на...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *