Кога јас би гласал тогаш сигурно тоа би било за сите 4 филмови во црно-бела фотографија

За Интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“.

w1

Интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“ не би бил она што е ако не е самата селекција на филмовите кои се прикажувани во текот на фестивалската недела. За тоа веќе 15 години е задолжен селекторот Благоја Куновски – Доре кој за „Репер“ ни раскажа како тој успеа да ги избере едни од моментално највисоко рангираните филмови на европското и светското филмско платно.

w2Куновски посочи дека за фестивалот со рекорден број од дури 10 гости од филмовите во компетицијата, значи 10 од вкупно 12, со високо репрезентативно угледно жири, предводено од главниот лауреат во Клубот на Великаните, Шпанецот, Хосе Луис Алкаин, кога како други две фестивалски sвезди е и првата Дама лауреат на Специјалната Златна Камера 300-кинематограферката од Франција, Ањес Годар и како круна на сè нејзината сонародничка, една од најголемите француски актерки на сите времиња, Изабел Ипер има многу што да се очекува.

„ Јас како селектор ги сакам сите филмови што сум ги избрал, нема да споменувам наслови, но тврдам дека жирито пак ќе има слатки маки да избере само 3 најдобри за наградите, а притоа ќе има дури скоро 9 кандидати за тоа. Кога јас би гласал тогаш сигурно меѓу тие кандидати би ми биле сите 4 филмови во црно-бела фотографија, а каде се уште 5-те во колор со еднакви креативни потенцијали? Затоа и овој пат со голема љубопитност ќе ги очекувам крајните одлуки на жирито.

w3Но сум наполно сигурен дека, доследно на веќе изградената традиција, битолските филмофили, домашните и странските гости, ќе уживаат во уште една ексклузивно квалитетна Главна Компетиција Камера 300, како крем-на-кремовите од најновата светска продукиција, со привилегијата да ги имаат светските најдобри филмови на дланка!“

Фестивалот веќе ја достигна средината на филмската недела, но пријатните изненадувања никако да престанат, поточно не за филмофилите. Нашата домашна како и странска публика ќе има можност да погледне една вистинска филмска ревија од квалитет. Само за потсетување, во главната програма фестивалот ги понуди филмовите кои се стекнаа со голема слава и публика во Европа и светот. Куновски за годинашниот избор на компетицијата за Камера 300, одново се фокусираше на Канскиот филмски фестивал.

 

Емилија Петреска

Напишано од
More from РЕПЕР
Брик Лејн
Книгата е објавена со поддршка на Европската комисија во 2014 година.
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *