Веќе неколку години по ред белгиските уметници Jos de Gruyter и Harald Thys почнаа да се претставуваат на пошироката меѓународна уметничка сцена. Тие произведуваат, односно креираат уникатни епски апсурдни театрални дела, кои се состојат од видеоколажи, од серија фотографии и од скулптурни инсталации. Од февруари до април годинава, нивното последно дело, просторната инсталација „Чудото на животот“ (Das Wunder des Lebens), е претставено на нивната прва голема самостојна изложба во Австрија, во познататата галерија Kunsthalle Wien. Неговиот главен елемент во голема мера е инсталација што уметниците ја опишуваат вака: „Мислиме на големиот изложбен простор како на место на тихување. Можете само да го слушнете жубуркањето на прскалките за вода што излегуваат од маските-фонтани и да видите четиристотини (молчаливи) цртежи. Нема бои во изложбата. Само црно и бело“.
Цртежите на одличен начин ја надополнуваат тишината што се создава во просторот. Тие се како снег што се обидел да го покрие целиот џагор. За некого од посетителите оваа просторна инсталација може да биде одлично медитативно искуство, додека за други – целосно вознемирувачко.
Како во сликовита енциклопедија, цртежите покажуваат речиси сè што има да понуди современиот свет: мапи на градот, патишта за автомобили, авиони и луѓе, алишта, машки чевли, кофи со боја, најразлични ентериери на ресторани, рецепти за мус од чоколада, училишта за дресирање кучиња, подводни светови и парчиња сирење или кашкавал. За разлика од конвенционалните сликовни речници, кај нив не постои симболички систем на подреденост. Сè е изложено за сите и сè е еднакво. Понатаму, дуктусот на овие цртежи ги отстранува емотивното, класичното композициско или некој основен и посебен карактеристичен израз. Спротивно на тоа, на површината на која се претставени овие цртежи направени од молив организацијата е строго по рангирање и со креирање датотеки во наредени елементи во форма на блокови, кои се користат како ѕидови со правоаголна структура, во кои на увид ги имаме сите оние секојдневни сцени што би требало да го покажат молчаливо хаосот на животот. Во секој агол на изложбениот простор е поставен по еден од четирите „Бели елементи“, кој служи како чувар. Триглавата фонтана со маски како онаа на De Drie Wijsneuzen ја формира на некој начин централната средина на инсталацијата и е поставена на таков начин да има преглед на целиот простор и на целокупниот молчалив и безбоен амбиент.
Jos de Gruyter и Harald Thys работат заедно како уметничко дуо од крајот на 1980-тите. Нивните фотографии, цртежи, објекти и видеоматеријали, облеани со црн хумор, критички настроени, како обиди за (себе)рефлексија и за размислување, се преклопуваат со реалноста, со фикцијата и со потиснатата историја. Навидум површни и банално импактабилни за гледачот, имаат потенцијал и на тој начин предизвикаат иритација во очекувањата на посетителот.
Тие создаваат галериски музејски пристап на постапокалиптична хистерија и навидум имаат желба да го презентираат внатрешниот мир, кој би требало да излезе на површината над сите оние очекувања што ги креираат посетителите, но нивниот минималистичен пристап ги потиснува сите скриени желби и потреби што може да ги има еден современ човек. За разлика од многуте концептуални уметници што се занимаваат со деконструктивистички, колоритни, анахроно познати пристапи, оваа изложба нуди посебно искуство. Посебна енергија, впечаток што сам по себе нуди една нова перспектива за животот.
Суптилната субверзија во рамките на нивната уметност, исто така, алудира на насловот на изложбата преку слоганот Das Wunder des Lebens („Чудото на животот“), каде што оваа титула би требало да го предвиди нацистичкото пропагандно шоу на тема „Германската расна хигиена“ (еугеника).
Поранешниот учител по баухаус, Херберт Баер, има дизајнирано постер и каталог за изложбата во строго модерен стил, кој за оние што се на власт сè уште се поздравува како нешто што може да биде искористено за нивната сопствена идеологија.
Тие секогаш се обидуваат да го вклучат присуството на посетителот во самото дело. Како што ги гледаат и ги анализираат елементите на изложбата, посетителите стануваат дел од неа. На изложбата во Виена има (пре)многу елементи, но, истовремено, на момент и ништо да се види. Посетителот може да се релаксира на „непријатните“ клупи, кои се изградени специјално за оваа изложба, додека ја гледа фонтаната-маска или може да ги погледне стотиците цртежи додека го слуша „непријателскиот“ аудиоводич.