Светот на еден урбан Атлас

Еден од водечките урбани уметници, неговите дела се изложуваат низ галериите во Европа и во светот.

Францускиот уметник L’Аtlas е препознатлив по својата уметност, која се одликува со автентичен стил на цртање, со систематски и геометриски букви и цртежи, во кои ќе ги најдете сите духовни, спиритуални страни на традиционалната калиграфија.

Beaubourg

Роден е во Франција во 1978 година, живее и работи во Париз. L’Atlas е сликар, се занимава со фотографија и со видео. Неговата уметничка приказна започнува со интересот што го имал за графитите, од каде што се родила и неговата прва желба за изучување на калиграфијата, на рачното пишување и на типографијата. Тој е еден од луѓето што имаат дизајнирано сопствена типографска азбука.

jules1_0

Тој е еден од водечките урбани уметници, неговите дела се изложуваат низ галериите во Европа и во светот, додека тој сè почесто мапира нови простори во градовите и создава нови апстрактни геометриски шеми.

Оваа негова прва изложба ги покажа неговите дела од најпрвото, најстарото изработено дело, до последните, најнови дела, од кои некои се сè уште во процес на изработка. Овој прв солистички проект во галеријата ги открива богатството и уникатноста што овој уметник ги изградил со текот на годините, кои своевремено станале препознатлив јазик на комуникација меѓу сите следбеници на уметноста. Неговиот стил граничи помеѓу калиграфијата и графитите (односно уличната уметност), помеѓу пишувањето и геометријата.

jules 2_0

L’Atlas се обидувал да го формира својот израз неколку години. Постојано истражувал за балансот меѓу полното и празното, за рамнотежата меѓу целосното, исполнетото и можноста да се пополни просторот со хармонија.

Најпрвин, инспириран од пропорциите на ориенталната калиграфија, сликал со бело три четвртини од просторот, додека другата четвртина ја покривал со црно. По некое време, направил израмнување на играта на црното и на белото, со што просторот бил преполовен, а окото на гледачот во неговите слики почнало да ги препознава полното и празното.

Тоа е причината поради која неговите дела се класифицирани како хибриди и им припаѓаат на историјата на калиграфијата и на кинетичката уметност истовремено.

jules 3_0

Си поигрува со менталните структури на упорноста, па се обидува да ги спои краевите на две платна или на две слики, со што самото око наметнува уште една димензија за перципирање, која е ретроспективна форма слична на основните. Ја користи и сивата боја за да ублажи одредени линии – тоа дава еден кинетички ефект на зголемување на просторниот обем на основните бои.

Неговите дела водат од прецизна калиграфија до апстракција, а со отстранувањето на своето име, тој го елиминира нарцисоидниот дух на графитите и го носи своето дело поблизу до основата на минималистичка геометриска апстракција.

jules 4b

jules 5_1

LAtlas2bd - courtesy Stephane Bisseuil- Lightroom org - courtesy Stephane Bisseuil

LAtlas4bd - courtesy Stephane Bisseuil- Lightroom org - courtesy Stephane Bisseuil

Напишано од
More from РЕПЕР
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *